НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонски државјани сопственици на имот во Дубаи вреден 14 милиони долари

0
By Соња Крамарска on May 4, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четириесет и пет македонски државјани се сопственици на 55 имоти во Дубаи чија вредност е проценета на 14 милиони долари покажаа последните документи кои протекоа од архивите на Обединетите Арапски Емирати. Податоците, кои датираат од 2020 година, ги доби американскиот Центар за напредни одбранбени студии, непрофитна организација која го истражува меѓународниот криминал и конфликти, а ги објави норвешкиот финансиски центар „Е24“, кој ја координираше истрагата за недвижниот имот.

Во протечените документи ги нема имињата на македонските државјани кои се сопственици на имот ниту пак е наведено дали станува збор за вили, станови, згради, деловен објект, или пак хотели хотелски соби или апартмани.

Она што е познато е дека просечната вредност на имотите е 258 илјади долари, повеќето се под таа вредност а вкупната вредност на имотот изнесува 0,11 отсто од македонскиот бруто домашен производ во 2020 година.

Домашните институции немаат прецизна бројка колку македонски државјани поседуваат имот во Дубаи и која е нивната вредност а тоа се должи на фактот што голем дел од нив се купени со трансакции од сметки во странство.

Од Управата за финансиско разузнавање соопштија дека согласно законот за спречување перење пари прибираат информации и кога има сомневање постапуваат.

Согласно законот за спречување перење пари и финансирање тероризам обврзани за доставување на информации се банки, менувачници, штедилници, адвокати, нотари. Станува збор за трансакции над 15 илјади евра во кеш или солемизација на имоти со вредност над 15 илјади евра. Таму каде што има сомнение за купување на имоти со средства кои се стекнати на нелегален начин, Управата за финансиско разување, како што велат оттаму, е должна да постапи. Меѓутоа, додаваат и дека информациите кои стигнуваат до Управата се од разузнавачки карактер и не може да бидат објавени во јавноста. (Р.Н.)

 

Дубаи имоти на македонски граѓани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.