Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Околу 1.800 британски падобранци „слетаа“ во Македонија за големата НАТО вежба

0
By Соња Крамарска on May 5, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 5, 2022 12:05

Од 24 март, војници од осум земји на НАТО почнаа да пристигнуваат во Северна Македонија за вежбата „Брз одговор 22“ – вежба на сојузничките воздухопловно-десантни сили, што е дел од пошироката серија вежби кои се одржуваат низ цела источна Европа. Притоа 1.800 падобранци од 16-та Воздухопловна јуришна бригада на Обединетото Кралство пристигнаа во земјава за да одржат обука заедно со седум други земји на НАТО, вклучително и силите од Северна Македонија на четири различни локации низ државата.

Во текот на следните недели 2.700 војници од Албанија, Франција, Грција, Италија, Северна Македонија, Црна Гора, Обединетото Кралство и САД ќе спроведат обуки, вклучително и обука со боево гаѓање, како и дневни и ноќни скокови со падобран. На обуката ќе се демонстрира способноста на земјите-членки на НАТО да се распоредат насекаде низ светот и способноста на нивните војници да работат заедно.

„Оваа годишна вежба, која годинава се случува во Северна Македонија, е клучен придонес за европската безбедност, која има за цел да испорача сили со висока готовност во низа улоги, да го зголеми го капацитетот и да ги дополни НАТО и другите европски и глобални безбедносни аранжмани“, велат од британската амбасада во Македонија.

Распоредената 16-та воздушна јуришна бригада со 1.800 војници вклучува падобранци, инженери, артилерија, логистичари, медицински лица, воено разузнавање, специјалисти за комуникации, армиски воздухопловен корпус, кралски воздухопловни сили, механичари и специјалисти за уништување на експлозивни убојни средства. Бригадата се распоредува во вежби и операции на глобално ниво со сите возила и опрема потребни за самоодржливост, вклучувајќи хеликоптери, теренски транспортери на тркала и гасеничари, артилериски пушки и мноштво логистички и инженерски возила.

Командантот на кралските инженерски падобранци, потполковник Џек Кросли, е во Северна Македонија од 24 март. Тој го надгледуваше движењето на бригадата од Обединетото Кралство кон Северна Македонија. Тој вели дека движењето на речиси 2000 британски војници и сите возила и опрема што доаѓаат со една бригада низ Европа и во Северна Македонија било огромна задача.

„Имавме исклучително топло добредојде и сега се сместивме и сме подготвени да ја започнеме главната вежба со војниците од Северна Македонија и шест други партнерски земји“, изјави тој.

Кросли појасни дека воената коалиција која вежба и спроведува обуки во Македонија може да обезбеди различен спектар на воени опции и можат да одговорат на непредвидени ситуации и во мирнодопски услови, исто како и во криза и конфликт.

„Ова е моја прва посета на Северна Македонија и ние сме многу среќни што ни беше дадена можност не само да се обучуваме овде, туку и да истражиме една толку убава земја и да дознаеме повеќе за македонската култура“, вели потполковникот Кросли.

Како што се наведува, 16. Воздухопловно јуришна бригада од Велика Британија е борбена група која се одржува со висока подготвеност спремна за распоредување низ целиот свет во целосен спектар на мисии, од неборбени операции за евакуација, до војување. Таа е на чело на развојот на интероперабилноста со 82-та воздушно -десантна дивизија на Копнените сили на САД и 11-та падобранска бригада на Копнените сили на Франција.

Во последниве години, војниците на бригадата беа распоредени повеќе пати на операции во Авганистан и Ирак, како и во поддршка на цивилните власти во Обединетото Кралство. Неодамна, војниците од 16-та бригада беа распоредени во поддршка на евакуацијата на персоналот од Авганистан при повлекувањето на НАТО во август 2021 година. Бригадата беше во поддршка на силите за одговор на вонредни и итни ситуации за време на поплавите на почетокот на 2014 година, а претставуваше и значителен елемент во обезбедувањето на Олимпијадата во Лондон 2012 година. (С.К.)

британски падобранци Македонија НАТО Свифт респонс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.