Нема македонски државјани меѓу повредените во експлозијата на бродот во Истанбул, изјавија од Министерството за надворешни работи со напомена дека го следат овој случај и доколку се појави нешто ново, ќе ја известат јавноста.
Според информациите од турските медиуми, меѓу петмината повредени на бродот се вработени во бродоградилиштето кое се наоѓа во населбата Ајдин Тепе во Тузла, блиску до Истанбул.
Како што претходно објавивме, најмалку пет лица се повредени во експлозијата на брод во Истанбул, јавуваат турските медиуми.
Експлозијата се случила на брод во турското бродоградилиште Тузла, а постојат сомнежи дека е предизвикана од компресија за гас, пренесува „Хуриет“.