Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски се (з)богати во Унгарија: за пет месеци неговата фирма книжи профит од 10.000 евра

0
By Соња Крамарска on May 11, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: 24.hu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 11, 2022 15:04

Неодамна основаната унгарска компанија на поранешниот премиер Никола Груевски, имала успешен почеток на бизнисот и успеа да оствари нето добивка од 10.000 евра за нешто повеќе од пет месеци од работењето, пишуваат локалните унгарски медиуми, пренесе Балкан Инсајт.

Брзиот успех на бизнисот на поранешниот македонски премиер, регистриран на 14 јули минатата година во празна куќа во село оддалечено 20 километри од Будимпешта, ќе ги зачуди во Западен Балкан и пошироко, со оглед на досегашните криминални пресуди на Груевски и блискоста со унгарската влада на Виктор Орбан, наведува порталот.

Груевски беше осуден на две години затвор во 2018 година за недозволена набавка на луксузното возило „Мерцедес“ и на уште седум години за перење пари, минатиот месец, откако побегна од државата во 2018 година. Тој потоа доби азил од владата на Орбан по забрзана постапка, а неколку барања за екстрадиција од Македонија завршија безуспешно.

Груевски избегнува публицитет и малку се знае за неговите услови за живеење и активности. Но, тој се најде на насловните страници минатото лето кога ја основаше I.C.I.C. Ltd, мала компанија во заспано село на периферијата на Будимпешта. Фирмата е регистрирана во напуштена куќа без знаци на активност, а Груевски е наведен како единствен сопственик и главен извршен директор.

Главниот фокус на компанијата се деловни консултации, но исто така е лиценцирана да спроведува широк спектар на други активности, како што се трговија на големо со порцелан, стакларија и производи за чистење; трговија на големо со храна, пијалоци и тутун; управување со средства; и рекламирање, односи со јавноста и комуникација.

Иако I.C.I.C. функционира само од минатото лето, веќе успеа да стане профитабилна со приходи од 5 милиони форинти (13.000 евра), објави унгарската деловна веб-страница mfor.hu. Неговата нето добивка за периодот од средината на јули до крајот на годината изнесува 3,8 милиони форинти (10.000 евра).

Не се знае од кои активности произлегуваат приходите, но локалните медиуми шпекулираат дека парите би можеле да бидат поврзани со унгарското Министерство за надворешни работи.

Петер Сијарто, унгарскиот министер за надворешни работи, не крие за неговите редовни средби со Груевски. „Ако сакаме да ги имаме најавтентичните информации за тоа што се случува на Западен Балкан, со кого треба да разговараме, кој е подобар од некој што бил премиер таму 10 години?“, рече Сијарто во парламентот во 2019 година на прашањето за неговиот однос со Груевски.

На почетокот на април, Груевски беше ставен на списокот со санкции од американскиот Стејт департмент, но поради блиските лични односи на Груевски со премиерот Орбан, тоа веројатно нема да предизвика неговата влада да го промени својот пријателски пристап кон поранешниот лидер на Северна Македонија, се наведува во написот.

заработка Никола Груевски Унгарија фирма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.