НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професор Зоран Матевски: Признавањето на МПЦ-ОА од Вселенската Патријаршија е плод на Преспанскиот договор

0
By Mirjana on May 12, 2022 ИНТЕРВЈУ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Јавноста треба да знае дека овој чин е еден од плодовите на Преспанскиот договор. Без решавање на македонско-грчкиот спор за името ова немаше ни да се покрене, а камоли да се случи. СПЦ најверојатно ќе и предложи на МПЦ-ОА статус на автономна посебна или независна црква, што е за една градација помалку од автокефална црква. Ќе видиме како на тоа ќе реагира Синодот на МПЦ-ОА. Вселенскиот Патријарх, не може да го потпише томосот за давање автокефален статус на МПЦ-ОА, без за тоа согласност да даде СПЦ, од преходно објаснетите причини. Но полека созреваат условите да се случи такво нешто. Во прилог на ова одат и одличните меѓудржавни односи помеѓу Северна Македонија и Србија, вели во интервју за НОВА, Проф-Др. Зоран Матевски, редовен професор и директор на Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет на УКИМ во Скопје.

 

НОВА:Професоре Матевски што значи признавањето на Македонската православна црква Охридска архиепископија, од страна на Синодот на Вселенската Патријаршија, за црковниот живот на црквата но и за клирот и верниците?

Указот на Вселенскиот Патријарх Г. Г. Вартоломеј, за канонско единство на МПЦ-ОА (засега само под името Охридска Архиепископија) со целата православна Екумена е од непроценливо значење како за црквата и нејзините верници така и за нашата држава во целост. Имено, МПЦ-ОА, не е повеќе во рангот на расколнички или шизматички цркви, туку е Канонска Православна Црква. Тоа значи дека високите религиски великодостојници и свештениците од сите 14 признаени Православни цркви во светот ќе можат заеднички да сослужуваат на литургии заедно со македонските. Досега на пример, доколку некој од свештениците или верниците на МПЦ-ОА сакаше на литургија да се причести во некоја Српска Православна Црква (доколку се наоѓа во некој град во друга држава, каде што нема Македонска Православна Цеква), тоа не им беше дозволено бодејќи истите се сметаа за расколници. Јавноста треба да знае дека овој чин е еден од плодовите на Преспанскиот договор. Без решавање на македонско-грчкиот спор за името ова немаше ни да се покрене , а камоли да се случи.

НОВА: Кажано е дека продолжуваат разговорите со СПЦ а има и вест дека пред една недела во Ниш дошло до средба меѓу претставници на МПЦ ОА и на СПЦ. Дали очекувате оваа рунда од возобновениот дијалог да финишира , како што очекуваат и се надеваат од нашата црква , со автокефален статус на МПЦ?

Разговорите помеѓу МПЦ-ОА и СПЦ, секако ќе продолжат, но со една суштинска разлика. Тоа е што двете цркви сега се рамноправни партнери од канонски аспект. Можно е да завршат со автокефален статус на МПЦ-ОА, но тоа нема да оди така бргу. СПЦ најверојатно ќе и предложи на МПЦ-ОА статус на автономна посебна или независна црква, што е за една градација помалку од автокефална црква. Ќе видиме како на тоа ќе реагира Синодот на МПЦ-ОА. Она што и прави најголем проблем на СПЦ во решавањето на спорот со МПЦ-ОА е статусот на Црногорската Православна Црква која е многу упорна во барањето на самостојност. Сето ова е поврзно со исклучително лошите политички односи помеѓу овие две држави. Ова секако ќе влијае на процесот, но моја проценка е дека за година, две ќе заврши спорот на МПЦ-ОА со својата сестринска црква, имајќи го во предвид и фактот дека СПЦ е во прилично добри односи со Грчката Православна Црква.

НОВА: Некои познавачи на црковните состојби и во црковните кругови но и во земските, велат се умерени или воздржани оптимисти за она што ќе следува по признавањето од Вселенската Патријаршија, бидејќи влогот бил голем? Какво е вашето очекување околу развојот на ова прашање во иднина?

Јас во минатото имам дадено неколку изјави во кои тврдев дека откако ќе се реши македонско – грчкиот спор, ќе се реши и статусот на МПЦ-ОА. Тоа е од причина што е огромно влијанитето на Грчката Православна Црква врз Вселенската Патријаршија. Впрочем, во нејзината долга историја, Вселенскиот Патријарх бил најчесто Грк. Сигурен сум дека овој указ, ќе биде поздравен и прифатен од најголемиот дел на Православни Цркви. Секако дека иако е ова голем исчекор, треба да се решат уште многу детали, се до давањето на томос од страна на Вселескиот патријарх за добивање на автокефален статус на МПЦ-ОА. Но решавањето на тие прашања се повеќе од црковно-правен, отколку од црковно-канонски аспект.

НОВА: Има многу прашања, како што велите, што претстојат да бидат надминати. Што подразбирате под тоа дека јуриздикцијата на Охридска Архиепископија, како што навеле во одлуката од Фанар, е само за територијата на Северна Македонија. Што ќе биде со епархиите на МПЦ-ОА дали тие ќе отидат под јуриздикција на Вселенската Патријаршија како во случајот со украинската црква?

Во указот е наведена само територијата на Северна Македонија, од проста причина што над таа територија, се уште јурисдикција има СПЦ. Имено, во 1922 година  томосот за автокефалност го добива СПЦ, за време на Кралството СХС. А во рамките на тоа кралство се наоѓаат и териториите на денешна Северна Македонија. И затоа Вселенската патријаршија бара во име на ново – поставеното канонско единство и екуменска љубов помеѓу овие две цркви, СПЦ да се откаже од своите епархии во Северна Македонија и да и ги додели на владение на епархиите на МПЦ-ОА. Мислам дека во СПЦ се повлијателно е младото свештенско крило кое позитивно ќе одговори на овој црковен предизвик.

НОВА: Одлуката на Вселенската патријаршија не значи и решен статус и име на црквата. Дали очекувате овие прашања сега полесно да се решат ?

Вселенскиот Патријарх, не може да го потпише томосот за давање автокефален статус на МПЦ-ОА, без за тоа согласност да даде СПЦ, од преходно објаснетите причини. Но полека созреваат условите да се случи такво нешто. Во прилог на ова одат и одличните меѓудржавни односи помеѓу Северна Македонија и Србија. Освен тоа после неколку ставови изнесени од Рускиот Патријарх Кирил, во однос на Руско-Украинската војна, се повеќе паѓа угледот на Руската Патријаршија во Православната екумена. Прашањето за статусот на епархиите кои МПЦ-ОА ги има во странсто, ќе се решава на крај од овој сложен процес.

НОВА: Дали очекувате православните цркви сите или барем во поголем број да ја прифатат или одобрат одлуката на Вартоломеј. Иако веројатно е тешко да се постигне 100 % консензус? Ова Ве прашувам и околу поделеноста на православната екумена околу тоа кој може да доделува/признава автокефален статус на одредена црква?

Тоа веќе го направи Грузиската Православна Црква, а очекувам деновиве тоа да го направат уште неколку Православни цркви. Во основа православната екумена, е поделена заради прекинот на односи помеѓу Вселенската и Руската Патријаршија. Тие веќе не ни сослужуваат заедно, што практично значи времен прекин на нивното екуменско единство. Заради тоа откако Вселенскиот Патријарх  Вартоломеј го издаде томосот за давање автокефалност на Украинската Православна Црква, тоа досега го имаат признаено само 3 Православни цркви. Другите, се уште не го направиле тоа. Мислам дека тоа нема да биде случај со МПЦ-ОА.

Мирјана Трпческа                       

 

Интервју Проф.Др. Зоран Матевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.