Се одржа првиот конгрес на Алтернатива, која се формираше како фракција на Движење Беса но на конгресот, не беше присутен пратеникот од оваа партија,Скендер Реџепи, иако на краткиот видео материјал подготвен за историјата на партијата, Реџепи речиси на секој дел е покрај лидерот на партијата Африм Гаши.
„Тој беше поканет како и сите други делегати, има многу други делегати кои не дојдоа, секој ги знае своите причини“, вели Африм Гаши.
Реџепи објасни дека не учествувал на конгресот бидејќи е принципиелен кон своите ставови изразени пред неколку дена.
„Граѓаните заслужуваат конкретни и детални одговори како и тоа кога ќе се оствари договорот Алтернатива-Влада“, посочи Скендер Реџепи за ТВ21.