Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одгласи од Србија: Со својот однос кон МПЦ Белград стави до знаење дека може да биде конструктивен

0
By Соња Крамарска on May 24, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 24, 2022 17:44

Веста за заедничката литургија на македонската и српската православна црква во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје за одобрувањето и благослов на српскиот патријарх Порфириј за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е објавена и на официјалниот сајт на Српската православна црква, а се најде и во ударните наслови во сите српски медиуми, јави дописникот на МИА од Белград.

На официјалниот сајт на СПЦ, под наслов, „Патријархот Порфириј – Бог е Алфа и Омега на нашето постоење во историјата и вечноста“, се соопштува одлуката на СПЦ.

„Светиот архиерејски Собор едногласно и еднодушно излезе во пресрет на барањата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и ја благословува, одобрува, прифаќа и признава автокефалноста. Истовремено, Светиот Собор на нашата Црква ги задолжи Синодот и Патријархот заедно со Архиепископот Стефан и неговиот Синод да ги разработат сите технички и организациски детали, по што ќе следи свечено прогласување со официјален соодветен акт, за што сите помесни Православни цркви ќе бидат известени според својот канонски ред и поредок и ќе се повикаат да го прифатат автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридската архиепископија“, се наведува во соопштението на СПЦ, во кое се додава „браќа и сестри, сигурни сме дека сите други православни цркви со задоволство ќе ја дочекаат оваа вест и ќе се радуваат што нашиот Господ расте, што Неговата Црква расте“.

Верниците во Србија преку официјалнот сајт на СПЦ директно и на македонски јазик можеа да ја следат заедничката литургија во Скопје.

„Патријархот Порфириј ја благослови автокефалноста на Македонската православна црква”, „Соборот на СПЦ едногласно ја одобри автокефалноста на МПЦ“, „Српската православна црква ја призна автокефалноста на МПЦ – Охридска архиепископија, се очекува томос на признавање“, се најчести наслови на сите печатени, телевизиски и радио медиуми и портали во Србија во кои во детали се пренесува настанот од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, со осврт на досегашните чекори на двете цркви за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

Од првичните анализи, за одбележување е текстот во „Данас“ во кој се наведува дека „признавањето на независноста на Македонската православна црква е паметна и многу сериозна политичка одлука на патријархот Порфириј и Вучиќ“.

„Со својот однос кон македонската црква, Белград отворено и силно стави до знаење дека може да биде крајно конструктивен. Оваа одлука го покажува прилагодувањето кон реалноста и покрај хаотичните пораки што се испраќаат во јавноста“, пишува „Данас“. (МИА)

автокефалност Белград
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.