Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нагла промена на цената на нафтата

0
By НОВА ТВ Terziova on May 30, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: sunsirs.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 30, 2022 09:07

Цените на нафтата пораснаа на почетокот на новата трговска недела, поради карантинот во Кина и планот на Европската унија да го забрани увозот на руска сурова нафта.

Европската нафта Брент синоќа достигна 120,2 долари за барел, по што благо падна на 119,8 долари. Цената на Брент, која претставува референтна вредност на светскиот пазар на нафта, минатата недела затвори со добивка од 6,0 отсто, на највисоко ниво во последните два месеци, пренесува „Блумберг“.

Американската нафта WTI исто така зајакна и се тргува за 115,8 долари за барел, според најновите достапни податоци.

Властите во Шангај, трговскиот и деловниот центар на Кина, им дозволија на сите производители да продолжат со работа од јуни, а владините претставници рекоа дека епидемијата на коронавирус во Пекинг е ставена под контрола.

Покачувањето на цените на „црното злато“ го поддржаа и најавите дека министрите на земјите членки на ЕУ, кои во неделата не успеаја да се договорат за ревидиран пакет санкции што ќе вклучува забрана за руската нафта.

Унгарија досега одбиваше да поддржи компромис и покрај предлозите кои нудат одредени отстапки за да се обезбедат резерви на нафта, официјален претставник на ЕУ за Блумберг изјави дека договорот е сè уште можен во наредните денови.

За нафтата „брент“, мај е шестиот месец што ќе заврши со подем, што е најдолг циклус на раст на нејзината цена во повеќе од десет години. За тоа придонесоа последиците од руско-украинската војна, како и зголемената побарувачка поради укинувањето на кинеската блокада и, условно кажано, враќањето на економската активност во нормала.

Дополнително, скокот на цените се должи и на огромната побарувачка на гориво во САД, каде викендов започна летната сезона на возење, што ги доведе малопродажните цени на бензините во таа земја на рекордно ниво.

нафта раст Свет цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

ВЕСТИ May 14, 2026

Седум луѓе загинаа, а 44 се повредени во комбинираниот руски напад со ракети и дронови…

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.