НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставниот суд пред колапс – заглавени 30 предмети, изборот на судии во ќорсокак, Кацарска бара помош од државниот врв

0
By Соња Крамарска on May 30, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска на работниот состанок со претседателот на државата Стево Пендаровски, на Собранието Талат Џафери и  на Владата Димитар Ковачевски, информираше за сериозноста на ситуацијата со која е соочен Уставниот суд во последните шест месеци бидејќи функционира со пет судии од вкупно девет, колку што се предвидени во Уставот.

„Поради недостаток на судии повеќе од 30 предмети не може да добијат мнозинство и се одолговлекуваат  за понатаму, а штетата ја трпат граѓаните“, посочи Кацарска.

„Судот не може во целост да ја оствари улогата на заштитник на граѓанските слободи и права и да одлучува за согласноста на законите со Уставот како и на другите прописи и на колективните договори со Уставот и законите. Поради наведените причини, оваа состојба не е проблем само за функционирањето на Уставниот суд, туку и на државата и токму затоа денеска на работен состанок ги повикав тројцата претставници на најважните институции кои ја водат државата. Ги информирав за сериозноста и отежнатото функционирање на Уставниот суд и согласно нивните надлежности и тежината на нивните функции очекувам државата да се вложи во побрзо надминување на оваа состојба”, вели Кацарска.

Претседателката на Уставниот суд откри и дека во декември оваа година завршува мандатот на уште еден судија и ако до тогаш не се комплетира Судот, државата ќе влезе во уставна криза.

„Уставниот суд функционира на граница на кворум и многу луѓе се засегнати од предметите кои заостануваат, како на пример Законот за социјална заштита, Законот за јавно обвинителство, одлуки со кои се оспоруваат детални урбанистички планови, барања за слободи и права на граѓаните“, истакна Кацарска.

Претседателката на Уставниот суд посочи дека освен предметите кои не добиваат мнозинство, проблемот со недостатокот на судиите се рефлектира и врз можноста да се спроведат големи реформи во Уставниот суд, како што е донесувањето на нов Акт, бидејќи Судот се уште работи според Деловник  кој е донесен во 1992 година.

По споделувањето на информациите од страна на претседателката на Судот Добрила Кацарска, тројцата претседатели констатираа дека моменталната ситуација е загрижувачка и дека во интерес на државата и на сите граѓани е Уставниот суд да работи во комплетен состав и согласно нивните надлежности најавија поддршка за надминување на овој проблем.

Во рамки на овој работен состанок претседателката  на Судот Добрила Кацарска го отвори и прашањето за воведување на уставна тужба во услови на комплетиран состав на Уставниот суд, побара поддршка и нагласи дека со овој уставен инструмент ќе се отвори можноста за граѓаните побрзо да дојдат до правдата, наместо со години да чекаат одлуки од Европскиот суд за човекови права, да не се изложуваат на големи трошоци пред судот во Стразбур и да им се овозможи овде во својата држава да ги користат сите правни лекови.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, кој покрај шефот на државата Пендаровски и на Владата Ковачевски, беше еден од учесниците, ја нарече денешната средба „историска“ од овој формат на трите власти. „Главното прашање кое беше и повод за оваа прва и историска средба од овој формат на трите власти во државата, беше прашањето што го отвори претседателката Кацарска,  за воведување на институцијата уставна тужба со која би се отворила можност граѓаните да стигнат побрзо до очекуваната правда, без да ја бараат истата од меѓународните судови. Поддршката ја побара затоа што за тоа да се направи, ќе мора да се отвори Уставот“, соопшти неговиот кабинет.

Во однос на неизборот на уставни судии кој ја парализира работата на Уставниот суд, тој топката ја префрла во собраниската комисија.

„Постапката за избор на нови уставни судии е заглавена во Комисијата за избори и именувања и единствено што може е да се апелира до колегите да се однесуваат државнички и да овозможат одблокирање на изборот за час поскоро да се комплетира Уставниот суд и да може да продолжи со нормално функционирање и во полза на граѓаните“, јави прес-службата на Џафери. (С.К.)

Добрила Кацарска Талат Џафери Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.