НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангелов: Пожарот беше навремено локализиран и беше спречена голема трагедија

0
By НОВА ТВ Terziova on May 31, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, утринава во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека големиот пожар во фабриката „Пофикс“ во објектот кој се наоѓа во близина на центарот на Тетово, бил навремено локализиран и била спречена голема трагедија.

– Ако не го локализиравме, ќе одеше кон силосите со плин со капацитет од повеќе тони и ако дојдеше до експлозија, добар дел од градот ќе го немаше, рече првиот човек на ЦУК.

Мерењата кои тој ги добил претпладнево велат дека ПМ честиците се околу 50 и им порача на граѓаните да бидат спокојни, бидејќи како што вели, нема загадување.

– Изгоре само еден дел, првите две-три хали. Клучна за големиот пожар била првата во која се чувале суровините за производство кои развиваат голема температура, ги сумираше впечатоците Ангелов, кој бил во Тетотво во текот на целиот вчерашен ден.

Додаде дека гаснењето од воздух е отежнато кога објектот има покрив, а хеликоптерот при тоа требало да минува низ густиот чад.

-Ќе почекаме стручните тимови од крим-техника да ги откријат точните причини за пожарот, рече Ангелов при тоа несакајќи да шпекулира за тоа под кои околности настанал инцидентот.

Директорот на ЦУК додаде дека ТАВ Македонија брзо излегла во пресрет со доставување на пена за гаснење, откако резервите за брзо време биле потрошени. За него е особено значајно тоа што вчера за прв пат хеликоптер на МВР учествувал во гаснење на пожар по претходно помината обука.

Македонија пожар Стојанче Ангелов Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.