НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД ќе ги укине визите?

0
By Нова ТВ on February 19, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот Конгрес повторно ќе расправа за предлог законот со кој ќе се олесни процедурата за воспоставување на безвизен режим за патување со странски држави.

Предлог-законот досега повеќе пати бил поднесуван од страна на неколку конгресмени и сенатори кои се посветени на неговото усвојување и добива силна поддршка во Конгресот.

Сенаторите Барбара Микулски од Мериленд и Марк Кирк од Илиноис и конгресмените Мајк Квигли и Арон Шок одново го поднесоа предлогот на почетокот на февруари.

Програмата за визно олеснување, која главно се однесува на европските држави и на сојузниците на САД, им овозможува на странските државјани да патуваат во САД до 90 дена, туристички или за деловни цели, без да мораат претходно да аплицираат за американска виза.

– Модернизирањето на програмата за визно олеснување ќе ја засили нашата национална безбедност, ќе обезбеди туристички приходи и ќе ги засили нашите односи со важни сојузници, соопшти конгресменот Квигли при поднесувањето на предлог законот.

Македонија во моментот не е земја кандидат за визното олеснување. Еден од најважните услови е процентот на одбиени барања за виза да не биде повисок од 3 проценти.
Во случајот на Македонија, процентот на одбиени барања за визи е околу 20 проценти.

Програмата денес го опфаќа најголемиот дел од европските држави – членки во Европската Унија или во НАТО, кои се оценети како економски развиени и безбедни. Грција е последната земја која издејствува безвизно патување во САД во 2010 година.

Од Европа, како кандидати, на визното олеснување се уште чекаат Полска, Романија, Бугарија, Хрватска, Кипар и Турција. Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Тајван исто така се вклучени во програмата, додека Израел, Бразил, Аргентина, Чиле, Парагвај и Уругвај се меѓу земјите-кандидати, а за Канада функционира специјален безвизен режим.

Изборот на државите ги прави Секретаријатот за одбрана на татковината, во консултација со Стејт департментот.

САД бараат и дополнителни гаранции од земјата за соработка во борбата против тероризмот, модерни пасоши и го задржуваат правото да исклучат земја од програмата за визно олеснување, што и им се случи на Аргентина и на Уругвај во 2002 и 2003 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.