Врховните судии ја потврдија затворската пресуда за предметот „Рекет“ каде на Катица Јанева и беше одредена седумгодишна затворска казна, а на Бојан Јовановски му беше изречена деветогдишна затворска казна. Ова е трета инстанца која одлучуваше по овој предмет, по Кривичниот суд и Апелацискиот суд, која ја потврди пресудата.
„Врховниот суд ја информира јавноста дека на 1 јуни 2022 година постапуваше по предметот познат во јавноста под името ‘Рекет’, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева и одлучи барањата да ги одбие“, соопштија од Врховен суд.