Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, е назначен за директор на едно од двете официјални депоа во Македонија за најголемите бродски компании во светот како Маерск, Евергрин, COSCO, Хапаг Лојд и други, објави Фактор.
Депото „Блу Бел“ во Гази Баба со кое ќе раководи Дерковски е на „Навико Шипинг“, компанија специјализирана за бродско-контејнерски транспорт на стоки за Македонија која е највисоко рангирана во регионот. Второто депо на оваа компанија е во Гевгелија на самата граница со Грција.
Деркоски е поранешен директор на Македонски железници – Транспорт, а интересно е тоа што „Навико Шипинг“ е една од компаниите кои најмногу ги користат услугите на ова претпријатие за транспорт на стока во Македонија. Потоа тој во 2018 беше избран за претседател на ДИК, функција која ја извршуваше до 2021.