Во пукање во близина на ноќен клуб во Тенеси, САД, рано утрово по локално време, загинаа тројца, а 14 лица се здобија со прострелни рани и други повреди, соопшти полицијата.
Четиринаесет лица биле погодени од огнено оружје, а три биле удрени од возила додека се обидувале да побегнат од местото на настанот, изјави началничката на полицијата во Чатануга, Селест Марфи за време на прес-конференција. Две лица загинале од прострелни рани, а едно лице починало откако било удрено од возило, изјави Марфи. Шеснаесет од жртвите се возрасни, а една е малолетна.
Полицијата верува дека станува збор за изолиран инцидент и дека не постои поголема закана за јавната безбедност.
„Се обидуваме да утврдиме што точно се случило и што е причината тоа да се случи“, рече началничката на полицијата. (АП)