Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Му праќаме порака на светот дека Балканот веќе не е буре барут – аналитичарите пред утрешниот состанок на Отворен Балкан во Охрид

0
By Mirjana on June 7, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Од минатогодишниот самит на „Отворен Балкан“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 7, 2022 14:52
Денеска и утре Охрид ќе биде домаќин на самитот на „Отворен Балкан“ на кој ќе присуствуваат претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама а за прв пат гости на оваа иницијатива со статус на набљудувачи ќе бидат првиот човек на босанското претседателство Зоран Тагелтија и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, со кои земји во блиска иднина, со голема веројатност ќе се прошири иницијативата. Македонската влада соопшти дека ќе присуствува и комесарот за проширување Оливер Вархеи а заменикот помошник на државниот секретар на САД Габриел Ескобар, ќе се обрател со видео порака.
На форумот ќе има и претставници на бизнисот. Преку обраќањата на претседателите на македонската, на српската и на албанската стопанска комора  Бранко Азески, Марко Чадеж и Инес Мукостепа, се очекува јавноста да се запознае со проблемите и очекувањата на бизнисот од ова економско поврзување.
Форумот почнува попладнево со пристигнување на странските делегации, кои во хотелот „Метропол “ на охридското крајбрежје, ќе ги дочека премиерот Димитар Ковачевски.
За оваа рунда од активностите на „Отворен Балкан“ како што е најавено ќе биде потпишан Договор за соработка на Западен Балкан во областа на меѓусебното признавање на дипломите и научните звања издадени на високообразовните и други институции, Меморандум за разбирање за соработка во областа на туризмот, Меморандум за разбирање за културна соработка во Западен Балкан и Меморандум за разбирање за соработка меѓу даночните администрации на Западен Балкан.
„Отворен Балкан“ е проект кој не носи во иднината. Успешноста покрај од политичарите и стопанствениците најмногу ќе зависи од граѓаните. Поголемата фреквенција носи пријателство помеѓу граѓаните на овие земји, а затвореноста носи само непријателство, вели за НоваТВ, Националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров. 
„Иницијативата ‘Отворен Балкан’ е во зародиш. Од нас самите зависи дали ќе заживее и како ќе функционира. Добро е што владите на Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија се силно посветени кон овој проект. Ова е проект кој не носи во иднината. Некои политичари во опкружувањето на овој проект му припишуваат хегемонистичка заднина, големи држави, што апсолутно не е точно. За да го разберат овој проект истите треба да ги согледаат бенифитите од истиот. Истиот носи пред се економски просперитет за граѓаните на овие засега три земји. Побогатите луѓе се посреќни, вели националниот координатор Пивоваров.
Пивоваров, смета дека со „ Отворен Балкан “ се решава едно круцијално прашање кое е рак рана за земјите од Балканот , како што е корупцијата.
„Најсилен удар врз корупцијата се токму отворените граници. Од истражувањето на Светска банка за 2018 година се наведува дека земјите од Балканот поради спориот камионски транспорт на стоки и долгото чекање на границите, нивните економии губат 1 отсто од бруто националниот производ. Тоа се големи пари, а единствена причина е само корупцијата. Исто така долгите колони на автомобили на граничните премини предизвикуваат бес и горчина кај патниците. Со овој проект во целост се анулираат наведените сегашни состојби, дециден е Пивоваров. 
Како силен поддржувач на иницијативата, Пивоваров смета дека „ Отворен Балкан “ сепак најмногу ќе успее ако биде поддржан од неговите жители , односно ако преку соработката и јакнење на довербата помогнат Балканот да не се перцепира повеќе како буре барут.
„Од политички аспект се праќа порака до земјите од ЕУ и САД дека Балканот повеќе не е буре барут. Крвопролевањата на Балканот ќе станат минато. Поради наведеното сум силен подржувач на овој проект. Меѓутоа има едно „но“. Силната политичка поддршка е само почетен моментум а доколку оперативните структури не ги следат целите и идеалите на овој проект ќе доживееме уште еден промашен проект како што беше Уан стоп шоп..
Секако дека многу криминални структури ќе се обидат овој проект да не заживее. Отпор ќе има, но немаме друг избор освен силно да им се спротивставиме. Исто така и националистите кои сонуваат големи држави на Балканот ќе бидат поразени. Тие не се свесни дека сега е 21 – ви век, кога сите земји од Европа одат со крупни чекори напред.
Ме радува фактот што и премиерот на Република Црна Гора му дава подршка на овој проект што укажува дека наскоро и тие ќе му се приклучат на „Отворен Балкан“.
Сепак на крај, за успешноста на овој проект по отпочнување на функционирањето на истиот, ќе го дадат граѓаните, економиите на земјите потписнички. Поголемата фреквенција носи пријателство помеѓу граѓаните на овие земји, а затвореноста носи само непријателство. Ова е силен сигнал дека сме подготвени час поскоро да станеме рамноправен дел од Европското семејство, вели Пивоваров за НоваТВ.

Претседателот на Советот на амбасадори, дипломатот Мухамед Халили смета дека од аспект на Република Северна Македонија, „Отворен Балкан “  е позитивна работа затоа што државата е економски слаба и се граничи со држави со кои мора да има добрососедски односи, односно иницијативата е позитивна и од политички и од економски аспект.
„Но, на регионална основа иницијативата сеуште не носи поголема јасност, затоа што не се вклучени сите земји од Балканот иако денес имаме друга состојба Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе бидат присутни на форумот, со исклучок на Косово кое и натаму останува настрана што не е добар сигнал за успешноста на оваа иницијатива а знаеме дека е услов од ЕУ и САД, вели дипломатот Халили.
Тој во изјава за НоваТВ, вели е добро што недоразбирањата меѓу некои земји на Балканот почнуваат да се надминуваат со што би се ублажила политичката клима во иднина. Халили е убеден дека најголем бенефит сепак ќе извлече Србија како најголема држава во регионот економски и дипломатски посилна.
„Сметам дека најголем профит ќе извлече Србија зашто е најголема и посилна и на економски и на дипломатски план. Иницијативата на „Отворен Балкан“  придонесе Вучиќ да е централна личност на Западен Балкан но и со снабдувањето на вакцини од Кина, кога европските земји сеуште немаа обезбедено. Сметам дека „Отворен Балкан“ како иницијатива би било добро, да донесе резолуција со која би ја осудила руската агресија врз Украина. Македонија нема интерес да не поддржи еден таков акт. Ако САД и ЕУ направат Србија и Косово да ги надминат несогласувањата поради кои Косово и натаму негативно гледа на оваа иницијатива, тогаш истата може да има смисла, вели поранешниот амбасадор Мухамед Халили.
Инаку на самитот во Тирана во декември 2021 година, во рамките на „Отворен Балкан“ беа потпишани досега најголем број документи за соработка меѓу Македонија, Албанија и Србија.

Вучиќ, Рама и екс премиерот Заев, го потпишаа Договорот за слободен пристап до пазарот на труд во Западен Балкан и Договорот за поврзување на електронскиот систем за идентификација на граѓаните на Западен Балкан. Беше потпишан и Договорот за соработка во областа на ветеринарната, фитосанитарната и безбедноста на храната и Договорот меѓу Владите на трите земји за меѓусебно признавање на одобренијата на овластените економски субјекти за безбедност (АЕОС). На самитот во Тирана беше потпишан и договор за соработка меѓу телата за акредитација на земјите членки на „Отворен Балкан“.

Мирјана Трпческа

 

Во пресрет на Самитот на Отворен Балкан 2022 Охрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.