Од ноќеска на полноќ нова, за 2,5 денари повисока малопродажна цена на дизелот, којшто ќе чини рекордни 104,5 денари за литар.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,09 % во однос на одлуката од 6.06.2022 година.
Според оваа одлука малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Еуросупер 98 ќе се продава по 112 денари за литар, а Еуросупер 95 за 110 денари по литар.
Иста останува и цената на мазутот 55,5 денари, додека цената на екстра лесното масло се зголемува за 3 денари и ќе изнесува 102,5 денари по литар.