Млада Украинка се вратила во урнатините на своето уништено средно училиште во фустан што го подготвила за матурската вечер.
Украинската матурантка во црвениот фустан дојде меѓу урнатините на училиштето на денот на матурата.
Вчера на официјалниот твитер-профил на шефот на Центарот за граѓански слободи во Украина се појави приказната на Ана Епишева, која сподели фотографија од нејзината внука во црвен фустан.
„Мојата внука оваа година требаше да заврши средно училиште. Таа и нејзините пријателки купуваа фустани и со нетрпение го чекаа денот на матурата. Потоа дојдоа Русите“, започна таа.
„Нејзиното училиште е уништено. Денеска се врати во она што остана од училиштето“, напиша таа во описот на фотографијата.
На фотографијата се гледа младата девојка во раскошен фустан во светло црвена боја, зад која се гледаат огромните урнатини на зграда која некогаш била нејзино училиште.
Фотографијата стана вирална на „Твитер“ и беше споделена повеќе од 7,630 пати за само еден ден.
Anna Episheva: My niece was supposed to graduate this year from her high school. She and her friends bought dresses and were looking forward to this day. Then Russians came. Her school was directly hit and destroyed. Today she came back to what is left of her school and her plans pic.twitter.com/q9cJW2j8f0
— Oleksandra Matviichuk (@avalaina) June 7, 2022