Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За три години Владата потрошила 5 милиони евра за возила на лизинг, ДКСК бара интервенција од Грковска

0
By Соња Крамарска on June 9, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 9, 2022 13:12

Во периодот од 2018-2021 година година Владата потрошила пет милиони евра за изнајмување возила по пат на т.н. оперативен лизинг, беше речено на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупција.

Притоа Комисијата заклучи дека договорите за оперативен лизинг најчесто се склучувани со ист економски оператор кој бил фаворизиран, и не претходела анализа на исплатливоста на изнајмување на возила преку лизинг.

Од тие причини Комисијата за спречување на корупцијата ќе и достави детална анализа на заменик премиерката за политики за добро владеење Славица Грковска со препорака да обрне внимание на склучување на лизинг договори за пополнување на возниот парк на Владата и институциите под нејзина надлежност.

Претседателката Билјана Ивановска рече е потребно домаќинско работење на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во чија надлежност е опслужување на Владата и на јавните претпријатија со службени возила.

Анализата што ја изготви Комисијата за спречување на корупција покажа дека продажната цената на возило од моделот Skoda Superb Ambition 2.0 Comfortline кое беше набавено за министрите по пат на лизинг, во 2021 година изнесувала приближно 39.000 евра за едно возило, или 1,755.000 евра за 45 возила (107,932.500 денари) – вредност што во случај на купување на возилата СОЗР би ја платила за возила а по истекот на три години би останале во сопственост на СОЗР. При лизингот, пак, возилата се користат со одреден месечен надомест кон автосалонот, кој е висок, а по истекот на три години се враќаат назад иако како што дополнуваат од ДКСК се уште се во исправна и возна состојба.

„Имајќи предвид дека се работи за возила од висока класа кои по истекот на три години од производството сѐ уште се атрактивни за купување, продажбата на истите по истекот на период од три години би резултирала со генерирање на приходи во износ од најмалку 1,228.500 евра, колку што би изнесувала сметководствената вредност на 45-те возила по истекот на тригодишниот период“, велат од ДКСК односно се појаснува дека кога Владата би ги купила возилата да бидат во нејзина сопственост, по истекот на три години може да ги продаде и да си врати дел од парите наместо да ги врати на операторот да ги продаде и тој да заработи.

Во анализата се наведува и дека набавките преку лизинг главно опфаќаат возила за возење на странски делегации и на високите функционери како што се претседателот на државата, на Владата и Собранието и министрите во Владата.

Владата инаку располага со стотина возила кои се чуваат на паркинг плацеви, од кои едниот е во состав на зградата во која се наоѓаат административните простории на СОЗР, а едниот е гаражен простор во состав на зградата на Македонската Телевизија. Меѓу возилата со кои располага СОЗР има и дотраени и неисправни возила коишто генерираат трошоци и коишто треба да се отуѓат, но тоа не се прави.

Според конечниот извештај на Државниот завод за ревизија, вкупниот број на моторни возила со кои располага СОЗР заклучно со 31.12.2020 година изнесувал 126 моторни возила, од кои со 90 располагала СОЗР, а 36 биле распределени во други институции. Од вкупниот број на возила, 11 биле со старост од 22 до 47 години, 58 со старост од 12 до 21 година, а 57 со старост од 3 до 11 години. Во однос на типот на возилата, 111 биле патнички моторни возила, 11 биле товарни моторни возила и 4 биле автобуси. Од нив 45 биле изнајмени по пат на оперативен лизинг.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) утврди широко распространета пракса на склучување на договори за изнајмување на возила преку оперативен лизинг од страна на други државни органи, јавни институции и единици на локалната самоуправа. Според податоците објавени на електронскиот систем за јавни набавки заклучно со март 2022 година, во периодот од 2018 до 2021 година биле склучени договори во вкупна вредност од најмалку 307,750.153 денари или над 5 милиони евра.

„Две последователни постапки на СОЗР се за еднаков број на возила, што наметнува сомнеж за тоа дали воопшто службата ја следи потребата од возила и дали набавката произлегува од прецизно утврдена потреба“, велат од ДКСК. (С.К.)

Влада ДКСК лизинг на возила
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.