Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промовирана италијанско-македонска стопанска комора: Проектот АПИ НОРДЕС ќе биде мост меѓу двете земји

0
By НОВА ТВ Balaban on June 10, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 10, 2022 17:58

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој ја предводи делегацијата во која е и министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи, работната посета на Италијанската Република, по повод промоцијата на Првата италијанско-македонска стопанска комора АПИ НОРДЕС, ја искористи и за остварување на повеќе средби со претставници на одделни италијански региони и на бизнис заедницата во оваа држава.

Вицепремиерот Битиќи попладнево на прес-конференција информираше подетално за новата иницијатива за интензивирање на соработката меѓу Северна Македонија и Италијанската Република, заблагодарувајќи се на претседателот на Италијанско-македонската стопанска комора Мунир Шемши, италијански бизнисмен со потекло од нашата земја.

Тој му се заблагодари на организаторот, претседателот на АПИ НОРДЕС, Шемши, истакнувајќи дека иницијативата е продолжение на одличните односи и соработка меѓу Северна Македонија и Италијанската Република.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека КОВИД периодот покажа дека солидарноста меѓу две држави е единствениот начин на кој можеме да се избориме со сите предизвици.

„Денеска сум овде, за заедно со претставниците на АПИ НОРДЕС да се претставиме пред италијанските компании и пред италијанските власти. Новиот предизвик, со којшто Европа се соочува, војната во Украина и економската, заедно со енергетската криза покажа дека само заеднички, интегрирани со заедничка соработка и солидарност можеме да ја пребродиме оваа криза“, рече Битиќи.

Тој додаде дека Северна Македонија е мала земја и аспирант за членство во Европската Унија, но можеме да бидеме чинител, којшто ќе биде дел во заедничкиот мозаик на ЕУ и токму затоа во рамки на работната економска посета на пријателска Италија два дена ги претставува можностите за соработка во областа на инвестициите.

Претседателот на стопанската комора АПИ НОРДЕС, Шемши нагласи дека оваа иницијатива ја остварува по 30 години дејствување и изрази задоволство што во рамки на економската посета на владината делегација од Северна Македонија покрај многубројните средби, вчера (9 јуни) се одржа и бизнис Форум во Тревизо.

Бизнисменот Шемши, кој повеќе од 30 години живее и работи во Италија, на прес-конференцијата истакна дека проектот АПИ НОРДЕС ќе биде мост меѓу нашите две земји со чија помош ќе се унапреди економската и друга соработка меѓу двете земји.

Претходно, вицепремиерот Битиќи, со министерот Чупи, Мунир Шемши, претседател на италијанско-македонската стопанска комора и Стојан Витанов, генералниот конзул на нашата земја во Венеција се сретнаа со Ермелинда Дамиано, претседател на советот на метрополата Венеција.

На средбата на која беа претставени поволностите за инвестирање во Северна Македонија и на која вицепремиерот Битиќи истакна дека неговиот Кабинет е отворен за помош и соработка во врска со додатни информации за поволните услови за инвестирање, присуствуваше и Матиа Карлин, потпретседател на Унијата на почесни конзули во Италија.

Работната посета на Владината делегација на Северна Македонија, во која учествуваат и претставници на стопански комори од нашата зема продолжува со средби со претставници на стопански комори во Италија и учество на Бизнис форум во Венеција, чиј домаќин е АПИ НОРДЕС, Италијанско-македонската стопанска комора.

 

италијанско-македонска стопанска комора Промовирана Фатмир Битиќи Џемаил Чупи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.