НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новини од Регулаторна комисија: Секое домаќинство само ќе си прави пресметка за потрошената струја

0
By НОВА ТВ Terziova on June 13, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потрошувачката во период на важење на евтина струја нема да влезе во блок тарифите по новиот тарифник, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

„Ќе ги примаме сите забелешки, се заблагодарувам на сите граѓани и експерти кои јавно настапуваат и даваат сугестии и предлози. Во наредниот период ќе обрнеме внимание на предлозите и забелешките, рече тој.

Регулаторна комисија објави калкулатор за граѓаните и тие самите ќе можат да проверат колку трошат и плаќаат сега за струја, а колку ќе плаќаат за истата потрошувачка кога плаќањето ќе биде по блокови. Споредбата на сметки ќе се прави онлајн.

„Имаше доста дилеми во јавноста, на најголем дел ќе излеземе во пресрет. Со овој тарифен систем не можат да се решат сите проблеми“, рече Бислимовски.

Повисоки сметки за струја ќе плаќаат оние кои трошат над 420 киловат часови електрична енергија во висока тарифа. Бислимовски посочи дека проблемите мора да се ублажат, имајќи предвид дека сме енергетски сиромашна земја.

„Нафта немаме, природен гас немаме, имаме хидроенергија, од која зависиме од Господ“, посочи претседателот на Регулаторната комисија.

Регулаторна комисија за енергетика го обајви калкулатор за ТС за универзален снабдувач, на кој секој може да си пресмета сметки по блок тарифи.

Професорот Рубин Талевски од ФЕИТ повтори дека најголем дел од домаќинствата месечно трошат од 300 до 700 киловат часови електрична енергија во зимскиот период, а нешто помалку во летниот период, а само еден процент трошат повеќе од 3.000 киловат часови. Притоа со новиот вид на тарифирање, како што додаде, 93 отсто од потрошувачите ќе бидат во првата и втората блок тарифа, односно трошат до 210 или од 211 до 420 киловат часови електрична енергија и за нив струјата ќе биде поевтина или во рамки на сегашната цена. Во третиот блок со потрошувачка од 521 до 630 киловат часови се 4 отсто од домаќинствата, а во четвртиот со потрошувачка од над 630 киловат часови електрична енергија се 3 отсто од потрошувачите. За нив цената ќе биде повисока.

Пресметките може да ги направите ОВДЕ.
М.Терзиова
регулаторна струја цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.