НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стевчо Јакимовски: Плафонот во градинката „Мајски цвет“ бил изведен нестручно и затоа паднал

0
By Соња Крамарска on June 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, денес повторно направи увид на ситуацијата во градинката „Мајски цвет“ и изврши консултација со експерти од областа при што беа констатирани недостатоци при изведбата на плафонот. Јакимовски соопшти три причини поради што дошло до паѓање на таванот.„Побаравме експертско мислење и констатиравме недостатоци при изведбата. Конструкцијата на шините е конструкција за ѕид, а не за плафон, значи осовинското растојание е од 65 сантиметри, наместо да биде 50 сантиметри. Значи секоја табла требала да биде поставувана на 4 до 5 шини, а овде е поставувана на три. Втората голема причина е што штрафовите се премногу набивани и практично, оној слој на хартија што ја држи гипс картонската плоча е пробиен. Тоа е втората причина поради што е дојдено до оваа ситуација. Третата причина е што местењето на гипс картон на таван има свој систем, а овде се лепени цели плочи. На еден сосема мал дел натежнала водата, што придонело целиот плафон да се сруши како кула од карти“, рече градоначалникот.

Јакимовски најави дека ќе побара дополнително вештачење и експертско мислење. „Се плашам дека може да се урне целиот таван од оваа градинка направена во 2019 година. Ќе побарам измени во буџетот и итно да видиме што ќе кажат стручните лица, како да извршиме санација“, рече тој. (Р.Н.)

градинка „Мајски цвет“ Стевчо Јакимовски урнат плафон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.