Десет осомничени се убиени, а четворица се повредени во престрелка меѓу полицајци, војници и вооружени мажи во централно Мексико, јави Асошиетед прес.
Мексиканското обвинителство соопшти дека во престрелката се повредени и тројца детективи, но нивните животи не се во опасност. Престрелката се случила вчера, на околу 130 километри југозападно од главниот град, откако осомничените отвориле оган врз полицијата.
Обвинителите соопштија дека детективите од местото на настанот заплениле 20 пушки и пиштоли, како и воени униформи и панцири. Убиствата и изнудите од организирани групи за шверц на дрога се честа појава во областа.