НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северните плажи на Нов Зеланд прекриени со мртви пингвини – за експертите ова се должи на климатските промени

0
By Mirjana on June 16, 2022 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Телата на стотици мали сини пингвини се заплиснати на плажите на северниот брег на Нов Зеланд во последните неколку недели, за што  еколозите стравуваат дека климатските промени ги изгладнуваат птиците до смрт.

Корора, видот на малите сини пингвини, потекнува од Нов Зеланд, но се „изложени на ризик“ од исчезнување, предупреди Одделот за заштита на земјата. Тие се соочуваат со предаторски закани од кучиња и други животни, но исто така се подложни на смртни случаи од сообраќајот на  патиштата и од градежните активности на крајбрежјето.

Конзерваторите се обидуваат да откријат зошто пингвините масовно умираат од почетокот на мај, кога жителите првпат ги забележале мртвите птици на плажите.

Грем Тејлор, главен научен советник кој ги проучува морските птици на Одделот за заштита на Нов Зеланд, рече дека врз основа на првичните лабораториски резултати неухранетоста може да биде причина за смртта на меѓу 200 и 500 птици.

„Се чини дека причината за смртта  е неможноста да се најде доволно храна на море по што настапува смрт од глад“, изјави Тејлор за Си-Ен-Ен.

Морскиот топлотен бран во северните води на земјата, заедно со природните временски услови во циклусот Ла Ниња, им отежна на малите сини пингвини да најдат храна, рече Тејлор. Малите, бучни птици со бледо сини или индиго пердуви обично јадат аншоа и сардини, нуркајќи до длабочини до 30 метри за да го фатат својот плен. Но, зголемувањето на температурата на водата значи дека малите риби се движат во постудени води премногу длабоки за птиците да можат да стигнат до храна, рече Тејлор.

Првичните наоди од студијата за некропсија на Министерството за примарни индустрии покажаа дека птиците ги изгубиле маснотиите на абдоменот, па затоа биле во лоша здравствена состојба пред да полетаат на брегот.
Нов Зеланд ја доживеа својата најтопла година досега во 2021 година, со годишни температури од 0,5 до 1,2 степени Целзиусови повисоки од нормалните, според Националниот институт за истражување на водата и атмосферата.

Водите што ја опкружуваат земјата „пулсираат до 3 степени Целзиусови“, изјави во јануари придружниот научен соработник Натанаел Мелиа од Институтот за истражување на климатските промени на Нов Зеланд.
Ла Ниња е редовен океански и атмосферски феномен кој се однесува на периодичното ладење на температурите на океаните во централниот до источно-централниот екваторијален Пацифик. Тековната фаза од циклусот носи потопла вода во северниот дел на Нов Зеланд, што го отежнува пристапот до храната за малите сини пингвини, според Тејлор.

Не е нов проблем, но постојано се влошува Дејв Хјустон, еколог од Одделот за конзервација, рече дека ова не е прв пат птиците да умираат во голем број.

„Во 1970-тите, 80-тите и 90-тите имавме до 5.000 птици во оваа појава на масовно изумирање“, рече Хјустон. „Во споредба со минатите појави, ова сега е релативно мал број.

Додека Хјустон смета дека феноменот е дел од природно настанат циклус, тој сепак признава  дека климатските промени ги влошиле неговите негативни ефекти.

„Знаеме дека малите сини пингвини можат да преживеат во потоплите води, но тоа им го отежнува  животот“, рече тој.

Брус Мекинли, претседател на Birds New Zealand, рече дека климатските промени и загадувањето може да ги влошат работите во иднина.

( Преземено од Си-Ен-Ен ) 

ЗАБРЗАНО ИЗУМИРААТ ПИНГВИНИТЕ НА НОВ ЗЕЛАНД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.