Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Додека не видиме политичка волја во Софија, нема да коментираме за францускиот предлог

0
By Соња Крамарска on June 20, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 20, 2022 19:55

„Мене ми е важно да утврдиме дали има политичка волја кај Софија за надминување на прашањето, пред да пристапиме кон конкретни прашања и документи. Засега не гледам политичка волја, во моментот кога ќе видиме политичка волја ќе пристапме кон разговорите“, изјави вечерва шефот на дипломатијата Бујар Османи во интервју за Телма.

На прашањето дали францускиот предлог е правен зад грбот на македонското државно раководство, Османи не даде директен одговор.

„Бевме во комуникација, претставници на француската влада доаѓаа во Скопје, цело време се разговараше, но предлозите што ги ставаат на маса се нивни одлуки. Немам коментар на таквите предлози и идеи, прво треба да видиме дали има политичка волја кај Софија, не сакам претходно да ги изложам нашите позиции, ниту сакам да бидеме алиби во пресрет на бугарската дебата. Ќе се вклучиме откако тие ќе ги дадат своите ставови“, нагласи министерот Османи.

Тој појасни и дека дел од билатералните прашања се веќе во преговарачката рамка, бидејќи таму има параграф во кој се вели дека ќе се оценува спроведувањето на договорите за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција.

„Повеќето од тоа што го слушаме во јавноста се неточни информации и шпекулации. Политичките партии не треба да ловат поени по тоа прашање. Ги комуницираме нашите ставови и со француското претседателство, и со земјите членки, но зазедовме став да не коментираме додека не видиме дали има политичка волја во Софија да се надмине тоа прашање.

Османи подвлече и дека историските прашања не може да бидат бенчмаркови, а во однос на македонскиот јазик рече дека португалскиот предлог е добра основа за надминување, и потенцираше дека нема да прифатат преквалификација на македонскиот јазик во преговарачката рамка, односно во ЕУ треба да биде запишан нашиот македонски јазик без никакви додавки или фусноти.  (С.К.)

 

 

 

Бујар Османи интервју Телма француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.