Кремљ денес порача дека сите Американци заробени во Украина се „платеници“ кои треба да преземат одговорност за нивните злосторства, пренесува Ројтерс.
Американскиот Стејт департмент го истражува можното апсење на Александар Друек и Енди Таи Нгоц Хујн, двајцата исчезнати Американци кои доброволно се пријавија да ја бранат Украина од руските напаѓачи. Минатата недела се појави фотографија на која се гледаат двајцата ветерани со врзани раце во задниот дел на воен камион.
Новинската агенција РИА го цитираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој рече дека приведените мажи не биле опфатени со Женевската конвенција, бидејќи тие не биле редовни војници.
Минатата недела, семејството на поранешниот офицер на Маринскиот корпус, Грејди Курпаси, откри дека тој бил исчезнат во областа Кирсон од крајот на април.
Досега во конфликтот, еден американски државјанин е убиен борејќи се како доброволец. (Гардијан)