НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ристевска Јорданова: Да престанеме да бидеме заложници на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

0
By Соња Крамарска on June 21, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Малинка Ристевска Јорданова е еден од домашните авторитети за евроинтеграциите чие мислење е секогаш добредојдено во политичките кругови а пред се во јавноста, поради компетентноста и децениската посветеност на анализирање на односите меѓу Скопје и Брисел. Го пренесуваме нејзиниот став по прашањето дали Македонија во случај на уште еден неуспех да почнат преговорите со ЕУ, треба да ги продолжи разговорите со Бугарија или да дигне раце како што заговараат високи политички кругови во Скопје

 

Како ретко кога последниве години прашањето на проширувањето е едно од клучните на претстојниот Самит на ЕУ. Тоа секако се должи најмногу на забрзаните апликации за членство на Украина, Молдавија и Грузија и новиот гео-политички императив што ја забрза одлуката за нив. За ЕУ оваа ситуација ја зголеми и политичката тежина на немањето напредок во проширувањето на Западен Балкан. Најзначајно прашање од регионот стана токму (не)отворањето на преговорите со Македонија и Албанија. Оттаму, се засили притисокот од страна на ЕУ врз Бугарија да го крене ветото на почетокот на преговорите. Шансите за тоа се многу мали поради политичките турбуленции во Бугарија, но не се исклучени. Дури и да дојде до таков чин, решението во овој момент би било далеку од идеално, имајќи ги предвид тврдите бугарски позиции и притисокот за решавање „во последен миг“. За нас се многу побитни условите под кои тоа ќе се случи, дали и како би се изменила предложената преговарачка рамка, односно дали и какви отстапки ние ќе направиме (или веќе сме направиле). Лошо решение ќе има негативно влијание врз целиот пристапен процес, а „откочувањето“ може да има краток рок, со оглед на тоа што на бугарска страна засега не постои политичка клима за менување на позицијата, односно откажување од постојните неодржливи услови.

Повторното одложување на почетокот на преговорите многу веројатно ќе го продлабочи македонското разочарување во ЕУ. Меѓутоа, на овој самит на ЕУ, односно претстојна седница на Советот на ЕУ, иако значајни поради гео-политичкиот момент, не треба да се гледа како на „единствена шанса“. Гео-политичкиот момент нема да се „истроши“ до крајот на јуни, туку ќе потрае подолго време. Од друга страна, извесно е дека ќе треба време и за позначително и одржливо менување на позицијата од бугарска страна.

Она што е неопходно од наша страна е сите ние да престанеме да бидеме заложници на одлуката за почеток на преговорите, туку на ова прашање да гледаме на подолг рок. Мора да се продолжи интензитетот на работата со институциите на ЕУ и државите членки, наместо досегашниот фокус исклучително на преговори со Бугарија, и тоа на агенда поставена од страна на Бугарија. Треба да влијаеме на менување на таа агенда. Договорот за соработка што го склучивме со Бугарија не беше на барање на ЕУ, туку билатерален чин меѓу двете земји, кој Бугарија го претвори во „маша“ за остварување на нејзини цели преку пристапниот процес, односно преку ЕУ. Второ, треба да се зајакне националната позиција за ова прашање. Предуслов за тоа е Владата да ги вклучи сите чинители во овој процес и да ја запознае јавноста со опциите, за да стекне доверба кај граѓаните дека нема да стори ништо против националните интереси. Конечно, легитимитет на надворешен план, но и дома, на која и да е Влада, можат да ѝ дадат само резултати во домашната политика, што ќе биде најголемиот предизвик во периодот што претстои.

Малинка Ристевска Јорданова

датум за почеток на преговори со ЕУ преговори со Бугарија Совет на Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.