НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хрватска, Словенија и Австрија да гласаaт против преговарачката рамка, граѓаните да излезат на протест, повикува Павле Трајанов

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прашањата кои ги отвори соседна Бугарија со францускиот предлог не треба да бидат дел од преговарачката рамка, а премиерот Димитар Ковачевски да излезе со јасен и дециден став и да се повлече согласноста за прифаќање на предлог, во кој на суптилен начин се вградуваат националистички барања, изјави претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов на прес конференција.

Тој бара од земјите членки на ЕУ кои се блиски пријатели до Македонија како Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка, Словачка да гласаат против преговарачката рамка која ги загрозува националните интереси или да стават вето на незиното усвојување.

Трајанов ја повика ЕУ да се држи до основните европски вредности и до
копенхашките критериуми.

Тој повика и граѓаните да го искажат својот став против оваа преговарачка рамка. Одговарајќи на новинарско прашање Трајанов побара детално да се разгледа содржина на предлогот, а за сите евентуални последици ако не се повлече согласноста на барање од македонска страна партијата бара политичка одговорност.

Појаснувајќи го повикот за протест Трајанов објасни дека граѓаните треба да излезат на протест и да протестираат против францускиот предлог, а не против Владата, за да `и покажат на Европската унија дека не се согласуваат со предлог во кој како залог се националните интереси.

– Демократскиот сојуз е против францускиот предлог и ги повикува граѓаните своите ставови да ги искажат преку социјалните мрежи или со мирни протести, за да види Европската унија дека овде има силен граѓански, народен отпор против загрозување на македонскиот национален идентитет. Демократскиот сојуз ќе ја повлече поддршката на Владата доколку се согласи Преговарачката рамка да биде усвоена од Советот на Европската унија, рече Трајанов.

Тој побара сите оние кои биле вклучени во преговорите, посебно министрите за надворешни работи и за европски прашања да се преиспитаат и евентуално да поднесат оставка.
Трајанов франсуски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.