Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петков оптимист за повторен мандат: Со истите министри влегуваме во преговори за нова влада

0
By НОВА ТВ Terziova on June 26, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: bnr.bg
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 26, 2022 15:52

Извршниот совет на најголемата партија во 47. Народно собрание на Бугарија „Продолжуваме со промената“ влегува во преговори за нова влада со ист состав на министри.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков вечерва има уште една средба на раководството на партијата, за предлог составот на новата влада на „Продолжуваме со промената“.

Петков потврди дека ќе биде предложен за иден премиер. Тој не сакаше да ги коментира именувањата за поединечните министерски места, бидејќи реално, додека неговата партија нема поддршка од независни пратеници, се надева дека ќе види дали има таква шанса и затоа не сака да навлегува во детали со нивните имиња.

Премиерот во оставка коментира дека не би преговарал со Бојко Борисов, Дељан Пеевски и „Движењето за права и слободи“, Костадин Костадинов, лидер на националистичката партија „Преродба“, како и со Слави Трифонов. Кирил Петков истакна дека шефот на пратеничката група на „Има таков народ“ Тошко Јорданов не може да направи чекор без одобрение на Слави Трифонов и затоа нема да може да преговара со него.

Премиерот на Бугарија Кирил Петков утре ќе поднесе оставка од владата, по што ќе започне процедурата за формирање нова влада. Претседателот Румен Радев треба да го предаде првиот мандат на најголемата политичка партија во бугарскиот Парламент, а доколку не успее да го врати исполнетиот мандат со предлог-влада, тогаш мандатот ќе го добие втората по големина партија во Народното собрание. Доколку не успее ни тогаш, претседателот, според Уставот на Бугарија, има право да избере на која од другите партии да и го предаде, а ако не поднесе предлог влада, тогаш го распушта Парламентот со два декрети и назначува преодна влада до предвремените парламентарни избори во земјата и формирање редовна влада.

Бугарија Влада Македонија Петков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.