НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Цената на струјата за домаќинствата скокна за 7,4 проценти, објави РКЕ

0
By Соња Крамарска on June 29, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во моментов држи прес -конференција на која ги објави новите цени на електричната енергија кои ќе важат од 1 јули, и кои ќе се пресметуваат според таканаречени тарифни блокови кои се воведуваат првпат. Ќе има четири тарифни блокови, од кои се прогнозира дека најефтин ќе биде првиот тарифен блок кој опфаќа месечна потрошувачка до 210 киловатчасови, а со потрошувачката ќе се зголемуваат и цените, вториот блок е за потрошувачка од 210 до 630 киловатчасови, за третиот од 630 до 1050, и четвртиот кој е најскап е за месечна потрошувачка над 1050 киловатчасови.

„За да нема недоразбирање, просечната цена на електрична енергија за 98,8 проценти домаќинства, за трите блокови ќе се зголеми за 7,4 проценти во однос на сегашната цена. Доколку не беа воведени блоковите, зголемувањето ќе беше 17,74 проценти“, рече Бислимоски.

Зголемувањето на цената во блокови изнесува 5,5 проценти за првиот блок, 10,3 проценти за вториот, 18,3 проценти за третиот блок и фантастични 138,7 проценти за четвртиот блок. Се зголемува и цената на ефтината тарифа и тоа за 8,69 проценти. Во ефтината тарифа нема да има блокови.

Бислимоски рече дека се очекува во зима кога има зголемена потрошувачка сметките за електрична енергија на домаќинствата да бидат поголеми за 6 до 8 проценти.

Тој објасни дека доколку едно домаќинство потроши на пример 300 киловатчасови сметката ќе ја плати со пресметување на разликата во цената за првиот блок кој е до 210 киловати, а потрошените 90 киловати по цена која важи за вториот блок, и така со сите наредни блокови. (С.К.)

 

 

 

 

 

Марко Бислимоски нови цени на струја објавени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.