НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фијаското со Бугарија ја загреа атмосферата на пратеничките прашања во Собранието

0
By Соња Крамарска on June 29, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеникот Антонио Милошоски, кој е и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика на денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања побара од премиерот Димитар Ковачевски пред пратениците да се дискутира за преговорите со Бугарија. Милошоски предложи Ковачевски да дојде заедно со министерот Бујар Османи, вицепремиерот Бојан Маричиќ, но и со поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер и вицепремиер Никола Димитров, како политичари кои воделе преговори и кои се запознати со деталите.

На тоа Ковачевски одговори дека нема да има ништо против во Собранието да се одржи таква расправа, но му дофрли на Милошоски:

„Ако барате таква седница треба и претходни премиери да се повикаат, а не вака селективно да предлагате. Еден од тие премиери е во странство, ама од него може да се очекува писмено да се обрати. Не е фер да се изолира поканата само на неколку луѓе, туку треба да ги повикате сите поранешни претседатели, сите поранешни премиери, иако еден нема да може да дојде оти е во странство, ама верувам дека дописно ќе се обрати, потоа сите поранешни министри за надворешни работи, затоа што не заслужуваат само министрите од последните два мандата да имаат предност во однос на министрите кои биле во првите два мандати. Да не заборавиме Северна Македонија не постои од денеска“, рече  Ковачевски.

Милошоски во својот настап настојуваше дека е добро да се направи споредба меѓу предлозите на португалското и француското претседателство со ЕУ за кревање на бугарското вето.

„Мојата намера е да направиме седница за сите актери кои учествуваа во потпишувањето и создавање на Договорот за добрососедство со Бугарија, затоа што од тој момент имаме надолен тренд во недовербата со соседна Бугарија и блокади. Оние кои што актуелно разговараат, одбиваат или прифаќаат делови од францускиот предлог, да присуствуваат на таа седница“, рече Милошоски. (С.М.)

Антонио Милошоски Димитар Ковачевски пратенички прашања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.