НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Процентот на вакцинирани деца во Македонија против мали сипаници и заушки падна на загрижувачки 70 отсто

0
By Соња Крамарска on June 30, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државните институции ги презентираа најновите податоци за опфатот со редовни вакцини за деца во април годинава, предупредувајќи дека опфатот е низок на државно ниво, особено за вакцината против мали сипаници, рубеола и заушки позната како МРП. Иако стапките на вакцинирани деца во 2021 за прва доза МРП  изнесува 70,4 отсто, а за втора доза 80,4 отсто и се зголемени во споредба со стапките во 2020 кога за прва доза МРП 63 отсто, а за втора доза 68,5 отсто, овој опфат е далеку од потребниот процент од 95 отсто вакцинирани деца за постигнување колективен имунитет и заштита во заедницата.

Загрижува тоа што стапките на вакцинација против МРП во 2021 се значително пониски од оние во 2018 година (МРП1 – 74,8 отсто и МРП2 – 93,8 отсто) кога земјата се соочи со епидемија на мали сипаници, која предизвика 4 смртни случаи на деца на возраст од 5,5 до 13 месеци, сите невакцинирани со МРП вакцината.

За да ги потсетат родителите колку е важно да ги вакцинираат децата и за да се зголеми опфатот, УНИЦЕФ и Министерството за здравство подготвија брошури кои беа поделени на локации кои родителите често ги посетуваат, како и во градинките, вакциналните пунктови и породилиштата.

Оваа недела беше насликан и мурал во центарот на Скопје со потсетување до родителите колку е важна вакцината за здравјето и безбедноста на децата.

Муралот симболично ја отсликува потребата на родителите и старателите да направат сѐ за да ги заштитат децата. Во тој обид да го заштитат здравјето и безбедноста на децата, родителите треба да знаат дека редовната вакцинација во детството е најбезбедниот, најлесниот и најефикасен начин за заштита на здравјето во детството и низ целиот понатамошен живот.

Патриција Ди Џовани

„Треба постојано да зборуваме за придобивките од редовната вакцинација во детството, не само за време на Неделата на имунизација. Секој родител сака да го заштити своето дете и нормално е да бара информации. Но не смееме да дозволиме лажните информации да ја стават под прашање довербата во вакцините“, рече Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија и продолжи со повик до родителите:

„Апелираме до родителите и старателите да им ја обезбедат на нивните деца заштитата што ним им ја обезбедиле нивните родителите во минатото. Во 21 век не смееме свесно да го загрозиме здравјето на децата и да ги изложиме на ризик од болести кои може да се спречат со вакцини кои е докажано дека се безбедни и високо ефикасни. Благодарение на високите стапки на вакцинација, некогашните деца, а денешни родители, ја имаа таа среќа да растат без да искусат некој член од семејството или пријател да им почине или да страда од доживотна попреченост од болести како што се малите сипаници или полио. Иронично, ова е една од причините зошто некои веруваат дека болестите што може да се спречат со вакцини не се повеќе закана по луѓето. Контактирајте со вашиот матичен лекар или педијатар, отидете до најблиската здравствена установа или пункт за вакцинација“, вели Патриција ДиЏовани.

Според Светската здравствена организација, опфатот од најмалку 95 отсто со две дози вакцина е неопходен за да се спречи ширење на епидемија од мали сипаници. Малите сипаници се едно од најзаразните респираторни заболувања кое може да доведе до тешки, понекогаш и трајни компликации од типот на пневмонија, оток на мозокот, болничко лечење и смрт. Малите сипаници се толку заразни што се проценува дека 9 од 10 лица што не се имунизирани, а биле во близок контакт со инфицирано лице, ќе се заразат. Лесно се пренесува кога инфицираното лице дише или кашла, а вирусот може да преживее на површина или во воздухот до 2 часа. (Р.Н.)

вакцина МРП заушки Македонија мали сипаници опаѓа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.