Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ го отфрли новиот француски предлог, Мицкоски повика на протести

0
By Соња Крамарска on July 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 1, 2022 16:45

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес по објавувањето на новиот француски предлог го оцени како „ултиматум за иднината на нашата Македонија“, и одраз на мегаломанските барања и историски аспирации кон Македонија, и повика на протести утре во 19 часот пред Владата.

„За таков предлог одговорот е ‘не – благодарам“, рече Мицкоски.

„Предлогот кој е на маса всушност е истиот кој веќе еднаш беше одбиен. И со жалење морам да констатирам дека овој предлог ги содржи сите бугарски барања и во делот на историјата, и во делот на јазикот, и во делот на идентитетот. Прифаќањето на ваквиот предлог подразбира целосно право на Бугарија да менува учебници и да ги пишува согласно бугарскиот диктат, а нашите деца во основното образование да учат според бугарскиот диктат или нема европска иднина. Прифаќање дека Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и останати херои и револуционери биле Бугари, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот“, рече тој.

Во неговата анализа на документот што ја соопшти на прес-конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече „првиот документ кој што секоја една земја која што имала аспирации да биде дел од ЕУ го нарекува меѓувладина конференција, а кај нас тоа се вика прв дел од меѓувладината конференција, а ова е практично вториот дел од таа меѓувладина конференција, која што само за нас е создадена како кованица и се нарекува втора меѓувладина конференција“.

„Каде е суштината и каде е направена лингвистичката инверзија. Најпрвин во првиот документ, кој што би требало според Владата да се нарекува прва меѓувладина конференција, на страна 5 точка 3 стои дека во преговарачката рамка, и двете страни ќе дадат унилатерални изјави, декларации кои што ќе кажат како го подразбираат македонскиот јазик. Претпоставувам доколку ова стигне до Брисел од нашата македонска страна истото ќе биде македонски јазик, а од страна на Бугарија ќе има еднострана  изјава дека тие не го признаваат македонскиот јазик односно дека тие го признаваат согласно Уставот на Македонија“, вели Мицкоски.

Следната семантичка измена, како што оцени опозицискиот лидер е во страницата 10 каде што точно се цитира во точка 5 договорот за добрососедство со Бугарија, каде што делот билатерални протоколи е заменет со годишни извештаи и мерки за ефективната имплементација по членот 12.

„Членот  12 од договорот за добрососедство ќе биде практично одлучувачки член врз основа на кој ние или ќе напредуваме или ќе бидеме подложни на вето од страна на нашиот источен сосед. А членот 12 сакам да посочам дека е делот каде што се регулирани меѓувладините конференции помеѓу Македонија и Бугарија. Досега се одржани две такви, првата формална помеѓу Димитров и Захариева и втората помеѓу Османи и Генчовска за која што протоколот се уште не е потпишан, а ќе видите дека се повикуваат и на тој протокол“, рече Мицкоски.

„Вториот документ кој е практично втор дел од таа меѓувладина конференција на страна 7, точка 11 јасно стои дека Македонија  нема да го отвори првиот кластер фундаменталс се додека не се случат уставните измени на кои што се повикуваат заклучоците од  Европскиот Совет. Јасно стои и дека Македонија не може да го почне процесот на преговори, се додека не биде потпишан протоколот, од втората средба на заедничката меѓувладина комисија која што е основана врз основа на членот 12 од Договорот за добрососедство кој го има нашата влада потпишано со нашиот источен сосед. Тоа е оној протокол во кој се содржани историјата, културата, сето она кое што треба да го направиме како измена и мерка во нашите учебници“, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека се приклучуваат на граѓанската иницијатива за протести и повика тие да се одржат утре во 19 часот пред платото на Владата.

„Овој преседан кој денеска и се прави на Македонија ќе им се прави на сите земји во регионот и членството во ЕУ за сите нас ќе стане цел која никогаш нема да ја достигнеме“, рече тој. (С.К.)

ВМРО-ДПМНЕ нов француски предлог Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.