Легендарниот американски гитарист Карлос Сантана падна на сцената за време на концерт на отворено во близина на Детроит, Мичиген.
Медицинскиот персонал го однел 74-годишниот гитарист во одделот за итни случаи на локалната болница.
Сантана, кој е роден во Мексико, подоцна на својата страница на Фејсбук напиша дека „заборавил да јаде и да пие вода“ и „дехидрирав и се онесвестив“.
Неговиот менаџер Мајкл Врионис рече дека музичарот е добар.
Сепак, тој додаде дека шоуто планирано за среда во Бургетстаун, Пенсилванија, „ќе биде одложено за подоцнежен датум“.
Се појавија снимки на кои се гледа како на Сантана му помагаат да излезе од сцената во музичкиот театар „Кларксон Пајн Ноб“. Во видеото, ѕвездата им мавташе на публиката додека го одведоа на носилки.
Претставниците на 10-кратниот добитник на Греми наградата рекоа дека тој страдал од „топлинска исцрпеност и дехидрација“.
Гитаристот и неговиот бенд Сантана беа на турнеја во Северна Америка со нивното шоу Miraculous Supernatural. (Би-Би-Си)