Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Клучни поенти во говорот на Џонсон при оставката

0
By Соња Крамарска on July 7, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 7, 2022 14:11

Британскиот премиер Борис Џонсон штотуку ја заврши својата изјава во која даде оставка на лидерската функција на Конзервативната партија, а на премиерската ќе остане додека му биде избран наследник во партијата.

Еве резиме на клучните поенти од неговиот збогувачки говор:

Џонсон рече дека е „јасна волјата на парламентарната партија“ да има нов премиер.

Временската рамка за избор на нов премиер ќе биде објавена следната недела.

Тој рече дека чекал толку долго за да ја донесе одлуката бидејќи сакал лично да го исполни мандатот на гласачите, велејќи дека чувствува дека е негова должност и обврска да го направи она што го ветил.

Тој рече дека е неизмерно горд на своите достигнувања, вклучително и завршувањето на Брегзит, справувањето на Обединетото Кралство со пандемијата и со водството на Западот да се спротивстави на инвазијата на Владимир Путин на Украина.

Тој рече дека Обединетото Кралство мора да продолжи напред и дека тоа ќе ја направи земјата најпросперитетна во Европа.

Џонсон рече дека се обидел да ги убеди колегите дека би било „ексцентрично“ да се смени владата кога имаме таков мандат, но жали што не бил успешен во тие аргументи.

Тој рече дека „во Вестминстер инстинктот на стадото е моќен, кога стадото се движи, се движи“.

Тој рече дека сака да ѝ даде до знаење на јавноста „колку му е тажно што се откажал од најдобрата работа на светот“.

Тој се заблагодари на својата сопруга Кери, на неговите деца, на здравствените работници, на Вооружените сили и на персоналот на Даунинг стрит. (Р.Н.)

Борис Џонсон оставка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.