НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ревизијата откри дека дигиталната поврзаност во јавниот сектор е само 3 отсто

0
By Соња Крамарска on July 12, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Органите на државната управа не се усогласени со обврските за дигитализација на постапките, мала е заинтересираноста за приклучување на платформата, а постои и константен недостаток на вработени ИТ лица како и отсуство на тело за координација и следење на развојот, се главните заклучоци од Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на функционалноста на платформата за интероперабилност помеѓу институциите од јавниот сектор, што денеска го објави на својата веб страница Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Во извештајот се нагласува дека само околу три отсто од институциите од јавниот сектор се поврзани на платформата за интероперабилност.

Како што велат од ДЗР, целта на извршената ревизија е да даде оценка на функционирањето на платформата за меѓусебно поврзување и користење на информации и податоци помеѓу институциите од јавниот сектор во насока на ефикасно користење на платформата.

„Платформата за интероперабилност е значаен фактор во процесот на дигитализација. Но констатиравме отсуство на правно регулирани стандарди за ИТ безбедност кои треба да бидат имплементирани од институциите во државата. Воедно не е формирано тело за следење на развојот на платформата“, посочуваат од ДЗР.

Истакнуваат дека недостасуваат одобрени развојни документи, стратегии, акциски планови, управување со ИТ ризици, заради усогласеност во развојот на нови и надградби на постојните информациски системи кои се користат во институциите.

„Националната ИКТ стратегија 2021 – 2025 година се уште не е одобрена, не се утврдени ризици од нефункционалност на платформата и акциски планови за надминување на ризиците. Во ревидираниот период 2019 – 2021 година не се констатирани пријавени состојби за прекин на достапноста на платформата, но 338 денови во ревидираниот период или 37 отсто е без склучен договор за одржување на платформата за интероперабилност. Во континуитет работните места за ИТ се пополнети со 50 отсто“, заклучува ДЗР во извештајот.

Се посочува дека како резултат на состојбите со ИТ кадар отсуствува и сертификација за безбедност на информациските системи кои се или ќе се приклучат на платформата за интероперабилност МИОА не врши проверка на безбедноста и интероперабилноста на информациските системи кои ги користат органите преку единствената околина. Иако воспоставената платформата за интероперабилност е оперативна, истата ја користат мал дел институции, нема приклучување на нови корисници, а размената на податоци помеѓу институциите и реализираниот сообраќај на платформата бележи опаѓање, оценуваат од ДЗР. (С.К.)

3 отсто дигитална поврзаност Државен завод за ревизија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.