НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милошоски: Соочени сме со уцена која Урсула фон дер Лајен ќе ја каже со убави зборови

0
By Соња Крамарска on July 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Во моментов сме соочени со уцена која утре со убави зборови ќе се обиде да ја амортизира и сегашната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен“, коментира денес Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека досега многу видни лидери од Европа имале обраќање во македонскиот парламент, но без корист.

„Во Република Македонија досега се обратиле Хавиер Солана, Романо Проди, еврокомесарот Оли Рен. Сите имале одлични обраќања. Во Македонија сме имале такви одлични обраќања, од кои сме немале никаква придобивка. Во моментов сме соочени со уцена која утре со убави зборови ќе се обиде да ја амортизира и сегашната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Го почитуваме нејзиното време но си го почитуваме и нашето достоинство и знаеме што е добро а што не е добро за Македонија и сметаме дека овој преседан каде што од земја членка се бара да се ревидира историја и да промени Устав за воопшто да може да почне преговори, и истите да бидат врзани со натамошни промени на учебници и историски личности, е понижувачки“, рече тој.

Милошоски го повтори ставот на партискиот лидер Христијан Мицкоски.

„За преговарачката рамка надлежен орган што ја прифаќа или одбива е Владата. Владата е уплашена од револтот на граѓаните и се обидува преку Собранието пратениците на владејачката коалиција да ги искористи како алиби за наводно прифаќање на францускиот предлог, за кој што Собранието нема надлежност. Расправата е сведена на информација а информацијата според Деловникот е најнискиот праг за расправа во Собранието. Мислиме дека е дури и понижувачки за самиот процес. Второ што Бујар Османи и Ковачевски немаат храброст да го објават е бугарскиот Протокол и реалната дискусија во јавноста ќе биде сведена на театрална козметика во македонското Собрание која што тие потоа ќе ја искористат за она што веќе го одлучиле да кажат „да“ на овој предлог кој што сметаме дека е штетен и ќе донесе само ретроградни политички процеси за историска ревизија во следните 10-15 години“, изјави Милошоски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како што нагласи, „аргументирано ќе го разобличат овој предлог и неговата штетност и ќе бидат против овој театрален обид Собранието да биде искористено како алиби за она за кое Владата на Ковачевски и Османи ќе каже „да“.

На прашањето какви заклучоци би прифатиле тој одговори дека заклучоци би имале смисла само доколку истите ги прифати Владата а имаат за цел да се направи корекција а не прифаќање на францускиот предлог. „Прифатлива е само корекција со која од францускиот предлог ќе се исфрлат билатералниот протокол и сите други уцени вклучувајќи ја и смената на Уставот кои што Македонија ќе ја внесат во еден ретрограден процес. Сите други заклучоци би биле про-форма, алиби“, изјави Милошоски. (С.К.)

Антонио Милошоски Собраниска расправа Урсула фон дер Лајен француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.