НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рестрикции на струја нема да има, ветува Ковачевски

0
By НОВА ТВ Balaban on July 13, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рестрикции на струја нема да има. Точно е дека оваа зима ќе биде најтешка на нашата генерација, но заедно ќе ја пребродиме. Енергетската криза е голем предизвик на светско ниво, со воената агресија врз Украина дополнително се направија поместувања на пазарот, има недостиг на енергенси, повисоки цени, но ќе менаџираме успешно, како и претходната година, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто на МИА.

Тој додава „државата ќе обезбеди од домашните извори, со работа на домашните капацитети поголемо производство на електрична енергија. За 2022 година планот за производството на ЕСМ  е зголемен за 20 проценти споредено со ланското производство и треба да изнесува 3.736 гигават часови и засега планот во целост  е исполнет“.

– Институциите континуирано следат, врз база на анализи, експертски консултации, носат мерки во интерес на граѓаните и за заштита на стандардот. Во услови на енормен раст на цената на електричната енергија на светските берзи, за заштита од ценовен шок, од 1 јули стартувавме и со  тарифната реформа за пресметка на цената на струјата. Станува збор за еден вид на праведен данок, оние кои што трошат помалку, ќе плаќаат помалку, за разлика од оние кои што трошат повеќе ќе плаќаат повеќе. Целта е да се поттикне рационално и ефикасно користењето на електричната енергија и поголемо субвенционирање на ранливите категории на домаќинства, вели Ковачевски во интервјуто.

Според него, за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти.

– Ако не беа воведени блоковите, оваа цена ќе беше зголемена за 17,74 проценти. Евтината тарифа останува од 22 часот до 7 часот наутро, а блок тарифите важат само за скапата струја. Тарифниот систем е правопропорционално димензиониран во корист на потрошувачите. Она што е многу важно е да штедиме енергија, тоа важи за сите чинители во општеството, институции, домаќинства, организации се со цел да бидеме рационални во услови на светски недостиг и раст на цените на електричната енергија, нагласува премиерот.

Во врска со тоа што Регулаторната комисија за енергетика ѝ ја одзема лиценцата на БЕГ, со што граѓаните се оставени во неизвесност дали претстојната зима ќе имаат парно греење и дали се преземаат некакви чекори на овој план, Ковачевски со одговор:

– Веќе се преземаат чекори, граѓаните секако ќе имаат парно греење. Во врска со снабдувањето со топлинска енергија во Градот Скопје, откако Регулаторната комисија за енергетика ги одзеде лиценците на БЕГ, по завршување на законските процедури ќе биде објавен јавен повик за избор на компанија која што ќе ја преземе обврската за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во главниот град.

Оттука, согласно Законот за енергетика, а на предлог на Министерството за економија и Регулаторна комисија за енергетика, Владата ќе спроведе постапка за избор на вршител на енергетска дејност.

Нов вршител треба да се избере за период не подолг од 90 дена од денот по приемот на известувањето од Регулаторната комисија за енергетика. Верувам дека сите постапки и процедури ќе бидат завршени, навремено и во рок се со цел грејната сезона да започне согласно планот, додава Ковачевски.

 

 

 

Димитар Ковачевски Рестрикции на струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.