НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Почна протестот, демонстрантите пред Собрание, засилени безбедносни мерки

0
By Соња Крамарска on July 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со извици „никогаш Северна“, „Бесилка“, точно напладне почнаа протестите пред Собранието против францускиот предлог кој е на дневен ред на пленарна седница пред пратениците. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Левица како што најавија и денеска ќе ги поддржат протестите под мотото „Ултиматум-не благодарам“ и ќе порачаат Владата да го отфрли предлогот кој според нив е штетен и води кон бугаризација.

Протестот денеска почна порано од вообичаеното, поради собраниската седница на која ќе се расправа по Информацијата од Владата за предлог преговарачката рамка на француското претседателство. Пред пратениците е најавено обраќање и на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Атмосферата меѓу учесниците на протестот е мирна. Се пејат патриотски песни, се интонираше и пееше македонската химна, на моменти се создава бучна атмосфера со употреба на свирчиња и труби, се скандира „оставка, оставка“, „никогаш Северна, само Македонија“, „Македонија, Македонија“.

Улицата „11 Октомври“ пред Собранието е затворена за сообраќај, како и улицата „Даме Груев“ што ја сече кај Градската општа болница.

Силно полициско обезбедување е присутно во строгиот центар на градот и на неколку точки вдолж улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“. Полициски екипи се распоредени кај дирекцијата на Макпетрол, кај зградата на Автомакедонија, спроти Музејот на Град Скопје, спроти Рамстор и особено кај зградата во која е сместена Делегацијата на Европската унија во Скопје. (С.Д.)

протести Собрание француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.