Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милошоски: Македонија прави преседан, нема прва и втора фаза, има започнување и незапочнување на преговори

0
By Соња Крамарска on July 15, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 15, 2022 13:30

Пратеникот Антонио Милошоски во своето обраќање во Собранието по однос на францускиот предлог, рече дека во моментов нема никакви гаранции дека и покрај направените концесии, државата Македонија ќе стане членка на Европската унија. Помеѓу државите членки во ЕУ нема реален консензус за зачленување на шесте држави од Западниот Балкан и нивно полноправно членство.

– Недозволиво е внесување на механизам за следење или спроведување на преговорите поврзани со протоколот, со заедничката историја, преговарачката рамка или заедничките извештаи. Во ваков случај, тој механизам би станал услов за текот на преговорите и процесот во диктат од едната страна, за нејзини важни политички или историски прашања и би го засенил процесот на европеизација и стандарди за кои вие тврдите дека се залагате.
Вашето фотографирање во Брисел, ќе биде слично на фотографирањето што го имавте со вашиот колега Никола Димитров, Зоран Заев и Кочо Анѓушев. Тоа фотографирање дека сме добиле датум испадна една илузија и исто така ќе биде илузија дека се отвораат преговорите. Понатаму, Македонија, македонскиот јазик не смеат да се дозволат никакви измени на предложениот текст на преговарачката рамка во која стои македонскиот јазик, ниту дополнителни појаснувани изјави.
Зошто ова го говорам?
Македонија е веќе членка во ОН, таму никој нема ставено дополнителна изјава. Македонија веќе е членка во Советот на Европа одамна, таму никој нема дадено дополнителна изјава зошто Македонија би прифатила да има дополнителна изјава во однос на Европската унија.
Затоа сметам, дека ова е една замка која ќе биде чекор напред кон продолжување на остварувањето на она што е зацртано во бугарската декларација за која што ве предупредивме ние во 2020 година, но вие тврдевте дека не постои, а потоа тврдевте дека е незначаен дел од нивниот записник во Европската унија, рече Милошоски.

На крајот од своето обраќање, Милошоски рече дека Македонија прави преседан. Рече дека во воведната изјава на ЕУ за преговорите за пристапување, јасно стои започнување на првата фаза од преговорите за пристапување и ниедна друга држава, ниту Албанија, ниту Србија, ниту Бугарија, ниту Хрватска итн, немале прва и втора фаза. Има почеток или непочеток на преговорите. (Р.Н.)

Антонио Милошоки втор ден расправа Собрание француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.