Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ за „Политика“: Нема никаква шанса за асимилација или бугаризација

0
By Соња Крамарска on July 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 18, 2022 10:38

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, во интервјуто за српска „Политика“ изјави дека државнички и одговорно одговори Владата на сите предизвици со кои се соочуваше во текот на дијалогот со Бугарија и Европската Унија и дека  во сите документи, кои беа јавно објавени, вклучувајќи го и Протоколот, успеа да го заштити македонскиот јазик и идентитет.

– Нема никаква шанса за асимилација, бугаризација ниту пак територијална претензија. Напротив добивме еден европски предлог кој овозможува да ги започнеме преговорите со Унијата веднаш, со заштитен македонски јазик и идентитет, а истовремено имаме и компромисен документ кој ќе ни овозможи, во веќе утврдена рамка на обврски за двете страни, побрзо да ги надминеме отворените прашања со Бугарија, вели Маричиќ.

На прашањето дали се можни идни блокади на патот кон Европската Унија, вицепремиерот Маричиќ одговори дека во политиката не може сè да се предвиди и дека нема гаранции за ништо, но дека постои спремност во оваа Влада да оди напред кон онаа цел која генерациски е зацртана, полноправно членство во ЕУ.

-Јасни се правилата на функционирање на Унијата и на текот на процесот интеграција во Европската Унија и никој не може да гарантира дека во текот на преговорите некоја друга земја нема да нè блокира за некое друго прашање. Но, како општество сме доволно зрели да знаеме да процениме какви одлуки мора да се донесат, кога се во прашање нашите интереси и кога компромисите се неопходни, додаде вицепремиерот Маричиќ.

Во интервјуто за „Политика“ вицепремиерот за европски прашања Маричиќ вели дека иако нашиот пат кон Брисел беше тежок и со препреки и предизвици, успеале да ја потврдат европската иднина на земјата, донесувајќи историска одлука со која Северна Македонија ја започнува трката за членство во Европската Унија, и заедно со Србија и Црна Гора стануваме држава која преговара. (Р.Н.)

Бојан Маричиќ интервју политика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.