Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во потрагата по Мартин во Грција се вклучија и два авиони, се пребарува кај Лезбос, Самос и Света Гора

0
By Соња Крамарска on July 22, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 22, 2022 13:36

Денеска продолжува потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски кој 14-ти ден се води како исчезнат, од саботата, на 9 јули кога заедно со неговите двајца пријатели решиле да нурнат на плажата Мити во Посеиди, Халкидики и беа однесени од силни морски струи. Сојузник им е доброто време и мирното море, што не беше случај во првите денови од потрагата, кога беа спасени неговите двајца пријатели Васил и Иван.

Воздушните средства на Солунскиот аероклуб денеска повторно ќе се обидат да ја скенираат областа, додека потрагите ќе се префрлат и на исток, односно на Света Гора, бреговите на Лезбос и Самос со помош на двата брода на ОФКАТ и околу 8 доброволци, јавуваат грчките медиуми.

Како што изјави за ThessToday.gr шефот на ОФКАТ, Христос Рамос, кој е задолжен за потрагата од првиот ден на исчезнувањето, мајката и братот на несреќниот Мартин остануваат во Неа Скиони со надеж дека спасувачките служби и волонтерите кои се на теренот ќе го најдат. Меѓутоа, волонтерите од Северна Македонија кои пристигнаа на Халкидики за да помогнат во потрагата сега си заминаа и се вратија во својата земја, рече Рамос.

Вчера двата пловни објекти на ОФКАТ ги „прочешлале“ плажите Катерини, Макригијалос, Метони, а исто така и заливот Термаикос. Истрагите до денеска беа успех, а не се пронајдени никакви траги за Мартин, но, како што  Рамос истакна за ThessToday.gr, нема да запрат додека не го пронајдат.

Мајката на 31-годишниот Мартин се надева дека синот ќе биде пронајден од страна на тимот ОФКАТ и се уште верува дека повторно ќе го види и ќе стави крај на овој кошмар кој го живее веќе 14 дена.

Вообичаено потрагата по исчезнати лица во море во Грција трае до 72 часа, но откако се мобилизираа и македонски волонтери, потрагата е продолжена. (Р.Н.)

два авиони Мартин потрага
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.