Европската конфедерација на синдикати (ETUC) ја повика Европската комисија да ги заштити работниците ширум ЕУ со директива за максимални работни температури.
Оваа иницијатива дојде откако двајца работници колабираа и починаа од топлотен удар за време на екстремно топлиот бран во Шпанија минатата недела.
Синдикатите на ЕУ бараат закон за дозволени работни температури
Истражувањето на паневропската агенција Eurofound покажува дека ширум ЕУ, 23% од сите работници се изложени на високи температури најмалку една четвртина од времето, што се искачува на 36% во земјоделството и индустријата и 38% во градежништвото.