НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прослава на Денот на независноста на Украина утре во Скопје

0
By Sashko on August 23, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утре (среда, 24 август) на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе биде одбележан Денот на независноста на Украина. Свеченост ќе започне во 14 часот со интонирање на националната химна на Украина, по што ќе следуваат говори на дипломатскиот претставник на Украина во нашата земја, Роман Буга, како и на претседателот на здружението „Лесја Украинка“, Олександр Урбанович.

Денот на независноста на Украина оваа година нема да биде одбележан само во Украина. Целиот демократски свет ќе го одбележи овој датум. Илјадници организации, институции и активисти од целиот свет веќе објавија програма со активности со кои ќе го одбележат Денот на независноста на Украина, на кои ќе упатат пораки на поддршка на херојскиот отпор на Украинките и Украинците против руската брутална агресија.

Денот на независноста на Украина е најголемиот државен празник во модерна Украина. Тој се слави на 24 август со што се одбележува Декларацијата за независност од 1991 година.

Во периодот кога Украина сè уште беше во состав на Советскиот Сојуз, украинската дијаспора традиционално го одбележуваше 22 јануари, по повод Декларацијата за независност на Украинската Народна Република во 1918 година.

Независноста на модерна Украина за првпат беше прославена на 16 јули во 1991 година на првата годишнина од Декларацијата за државен суверенитет на Украина донесена од Врховната Рада (украинскиот парламент) во 1990 година. Декларацијата за независност беше издадена на 24 август 1991 година, а потоа и потврдена со референдумот од 1 декември 1991 година. Оттогаш, Украина го слави 24 август како Ден на независноста.

Оваа година, независноста на Украина се одбележува во воени услови, под закана од жесток напад на руските сили, како што предупреди и претседателот Володимир Зеленски во своето редовно вечерно обраќање до светската јавност на 20 август. Одбележувањето на украинската независност започна на 20 август со оригинална и духовита, но и длабоко трогателна, парада на руското вооружување, заробено или уништено, на улиците во центарот на Киев.

Извор: civilmedia.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025
ФОКУС

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

ВЕСТИ August 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 15…

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

August 8, 2025

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.