Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски за „Политика“: Отворен Балкан за инвеститорите значи поголем интерес за вложувања и за нови работни места

0
By Соња Крамарска on September 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 1, 2022 11:23

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за српскиот весник „Политика“ се осврна на важноста на Отворен Балкан и меѓусебната соработка на земјите од регионот. Тој подвлече дека иницијативи како Отворен Балкан, кои имаат реални придобивки како што е првиот меѓународен саем на храна, вино и туризам во Белград е исклучителна можност да воспоставиме нова динамика во нашата  регионална соработка и да обезбедиме економски просперитет и подобро утре на нашите граѓани.

„Северна Македонија, но и регионот традиционално е поднебје каде има добра храна и вино. Важно е тоа да го покажеме и да работиме на унапредување на севкупните капацитети. Учеството на Северна Македонија на саемот реално има огромно значење за домашната економија. Компаниите кои изложуваат тука ќе обезбедат поголем извоз, откуп и нови пласмани и пазари за македонските храна и вина. Ќе се обезбеди одлична промоција на туристичките капацитети во Северна Македонија и привлекување нови туристи, пред сѐ од регионот. Од Северна Македонија ќе учествуваат 42 винарии и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии, а ќе се претстават и повеќе од 10 производители на храна. Накратко кажано, вакви поврзувања се особено важни за регионот и за економијата на земјите“,  рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека со сите договори кои досега се потпишани, вклучувајќи ги и меморандумите за разбирање одиме еден чекор напред кон намалување на бирократските бариери за зголемување на протокот на луѓе и капитал.

„Всушност зборуваме за имплементација на темелните вредности на ЕУ сега, додека трае нашиот процес на преговори со ЕУ. Придобивките од Отворениот Балкан се веќе видливи, а верувам дека ќе биде така и понатаму. Се работи интензивно секако да се надминат административните пречки за сѐ она што ќе нѐ донесе чекор поблиску до зацртаните цели, но мислам дека сме на добар пат сериозно да направиме единствен регион кој ќе им овозможи на своите граѓани побрз просперитет. Што се однесува до конкретните придобивки од Отворен Балкан, сметам дека економската димензија од која имаат придобивка и граѓаните и стопанството е практично најважната, особено во дадениов момент. Сите ние поединечно како земји, сме интересни за странските и домашни инвеститори, но заеднички, како регион, инвеститорите ќе имаат далеку поголем интерес за вложувања и за креирање капацитети и нови работни места“, рече Ковачевски и додаде дека Отворен Балкан во регионот е позитивно прифатен од бизнис заедницата и сите компании ќе имаат придобивка од учеството на регионален пазар.

„Конкуренцијата и квалитетот ќе растат, граѓаните ќе имаат поголеми шанси за личен развој, а компаниите шанси за нови пласмани и соработки“, подвлече македонскиот премиер.

Димитар Ковачевски интервју политика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 13, 2026

Мицкоски смени 8 министри

ВЕСТИ July 13, 2026

Собранието со поединечно гласање разреши осум министри од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски откако за…

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

July 12, 2026

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.