Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија се вклучува во светската велосипедска трка Гран Фондо

0
By Соња Крамарска on September 6, 2022 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 6, 2022 10:29

На 18-ти септември 2022-та во Скопје ќе се одржи првата Гран Фондо трка во Македонија, со што нашата земја и нашиот главен град ќе добијат свое место на мапата на светски познатите и реномирани велосипедски настани, кои се одржуваат во сите развиени земји.

Гран Фондо е најатрактивната и најелитната велосипедска трка на светот, во која може да учествуваат професионалци и рекреативци. Тоа е најважниот глобален велосипедски настан на денешницата, кој доживеа експанзија особено во годините на и по пандемијата Ковид-19.

„Македонија ќе добие одлична шанса за промоција на велосипедизмот со светски популарен настан, кој може да влијае позитивно и на развојот на велосипедизмот и на развојот на туризмот на вашата земја. Ова е еден од првите чекори со кои се обидуваме да ја вметнеме Македонија на светската велосипедска мапа. Имаме одличен соработник во името на Велосипедската Федерација на Македонија“ , изјави Енрико Дела Каса, претседателот на Европската Велосипедска Унија.

Освен натпреварувачки и рекреативен карактер, овие трки во многу нешта придонесуваат и за развој на туризмот и за збогатувањето на портфолиото на државите и градовите кои се организатори, затоа што предвидуваат учество на голем број натпреварувачи и воедно присуство на огромен број гледачи вљубеници во велосипедизмот, од сите страни на светот.

Велосипедската федерација на Македонија обезбеди организација на уште еден голем настан од оваа серија, а тоа е Гран Фондо ЕП во 2023-та година.

„Можеме со задоволство да истакнеме дека освен организацијата на настанот Гран Фондо Скопје 2022, ја добивме организацијата и на европското првенство во Гран Фондо, кое ќе се одржи 2023-та година. Тој настан најверојатно ќе биде одржан во јуни, но ќе почекаме додека да ги утврдиме сите детали. Ова е само уште една потврда за заложбите на Велосипедската федерација на Македонија, за развој и промоција на велосипедизмот“, изјави претседателот на федерацијата Сашо Димитријоски.

На Гран Фондо трките може да учествува секој поединец, рекреативец или професионалец, кој има велосипед и кој сака да биде дел од овој спектакл. Пријавувањето се врши преку сајтот granfondo.mk, во секцијата „регистрација“.

велосипедска трка Велосипедска федерација на Македонија Гранд Фондо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

ВЕСТИ April 29, 2026

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти…

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.