Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Референдумот на ВМРО-ДПМНЕ е заради личен и партиски интерес

0
By Соња Крамарска on September 6, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Од денешната прес-конференција по седницата на Советот за безбедност
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 6, 2022 16:05

Неконзистентност и гледање лични, партиски интереси за задржување на функцијата, смета премиерот Димитар Ковачевски прашан за коментар во врска со барањето референдум на ВМРО-ДПМНЕ. Во овој момент, нагласи Ковачевски, какво било спречување на продолжување на процесот на евроинтеграции на државата е правење штета на граѓаните и на македонскиот евроинтегративен пат.

„Ние сме држава која почна преговори со ЕУ со чист македонски јазик, со заштитен идентитет и тоа е направено врз основа на предлог којшто го добивме од ЕУ, предлог којшто беше изгласан во Собранието и против кој немаше ниту еден глас против. Тоа што опозицијата во моментов го прави, го прави единствено заради свои внатрешни партиски потреби – задржување на позицијата на нивниот претседател. Референдумското прашање тие веројатно ќе го достават до Собранието“, истакна Ковачевски по седницата на Советот за безбедност, одговорајќи на новинарски прашања.
Во овој момент, нагласи Ковачевски, какво било спречување на продолжување на процесот на евроинтеграции на државата е правење штета на граѓаните и на македонскиот евроинтегративен пат.
„Колку брзо ќе се движиме ние во приклучувањето кон ЕУ сега зависи исклучиво од нас, бидејќи имаме задачи и активности кои што треба ние да ги спроведеме дома кај нас. Тоа се однесува како на спроведувањето на успешен скрининг за што веќе воспоставивме преговарачка структура, денес дојде и главниот советник кај мене кој што ќе работи со тимот. Тоа е бившиот хрватски главен преговарач со ЕУ и постојан претставник во ЕУ на Хрватска “, потенцира премиерот.
Тој смета дека и во опозицијата има европски блок на политичари кои го поддржуваат членството на земјава во ЕУ и дека тоа ќе се потврди кога уставните измени заради внесување на делови од други народи во Уставот ќе бидат ставени на усвојување во Парламентот, по сите консултации и по целата процедура.
„Истата таа опозиција беше против Преспанскиот договор заради тоа што ќе сме го изгубиле идентитетот. Ниту изгубивме идентитет, ниту го спомнуваат Преспанскиот договор. Истата таа опозиција организираше референдум против територијалната поделба во државата и за време на тој референдум кој беше неуспешен зборуваше дека дента кога ќе дојдат на власт ќе ја укинат територијалната поделба. Единаесет години беа на власт и не ја укинаа територијалната поделба. Истата таа опозиција не беше во парламентот да гласа против договорот со Бугарија. Претседателот на таа опозиција пред камери на бугарски јазик на бугарскиот премиер му кажа дека го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија и сега излегува со референдумско прашање против Договорот со Бугарија за кој пред камери го поддржа. Тоа е една неконзистентност, гледање лични партиски интереси кои немаат никаква поддршка ниту кај граѓаните, ниту кај политичките партии во опозицијата“, рече Ковачевски. (С.К.)

Димитар Ковачевски референдум на ВМРО-ДПМНЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.