Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

0
By Соња Крамарска on September 16, 2022 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 16, 2022 15:27

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (сабота) со почеток во 16.00 часот во организација на Велосипедската федерација на Македонија ќе се одржи велосипедска трка –  „Куп на Град Скопје 2022“. Трката ќе се одвива по следнава траса:  старт на ул.„Димитрие Чуповски“ кај порта „Македонија“, право по ул.„11-ти Октомври“ кон зградата на Собрание на РСМ до крстосница со ул.„Филип Втори Македонски“, лево по ул.„Филип Втори Македонски“ до влезот на ГТЦ. Понатаму се поминува под ГТЦ и се доаѓа до Порта Македонија каде се продолжува право по ул.„Димитрие Чуповски“ се до крстосница со ул.„Даме Груев“ кај Палома Бјанка и назад по ул.„Димитрие Чуповски“ се до стартно-целната позиција.

Утре исто така со почеток во 16.00 часот, во организација на фолклорниот ансамбл „Григор Прличев“ ќе се одржи прв меѓународен детски фолклорен фестивал „Златен вез 2022“ со зафаќање на јавна површина на дел од ул.„Ѓорче Петров“ на потег од крстосницата со ул.„Никола Пушкаров“ до крстосницата со ул.„Македонска Војска“ во Скопје.
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

велосипедска трка посебен режим на сообраќај Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.