Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК не шпекулира за причините за истекувања на гас од „Северен тек 1“

0
By Sashko on September 27, 2022 СВЕТ
Фото: washingtonpost.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 27, 2022 14:00

Од Европската комисија (ЕК) не сакаат да ги коментираат можните причини за истекувања на гас од „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, уверувајќи дека снабдувањето е безбедно за Европа, јави дописничката на МИА од Брисел.

На денешниот редовен брифинг за новинари, портпаролите на ЕК порачаа дека се информирани за инцидентот со трите истекувања на гас од „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во близина на Данска и се во постојан контакт со засегнатите земји членки.

„Во моментов нема последици врз сигурноста на снабдување, затоа што испораките од „Северен тек 1“ се на нула, а „Северен тек 2“ нема дозвола за сега“, изјави портпаролот за енергетика, Тим Мекфи.

ЕК, исто така, ги следи последиците врз загадувањето на воздухот и климатските промени, бидејќи истекувањето на метан може негативно да влијае врз нив.

Во меѓувреме Данска прогласи забрана за навигација околу местото на инцидентот.

Но, од ЕК не се шпекулира за можните причини, од кои една може да биде саботажа од руска страна, нешто што не го исклучи данската Влада.

„Не шпекулираме дали е саботажа или не. Немаме елементи да одредиме која е причината за истекувањето, но се разбира дека доколку е саботажа, секој акт на саботажа врз инфраструктура ќе биде осуден“, изјави главниот портпарол на ЕК, Ерик Мамер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.