Гласањето за добитниците на филмските Оскари е веќе завршено. Ноќта меѓу 19 и 20 февруари се отворени гласовите од Американската филмска академија, а имињата на добитниците ќе бидат соопштени на свеченоста на доделувањето во недела.
Годинава, прв пат во осумдесет и пет години на постоењето на Оскарите, гласањето било организирано и компјутерски, а постарите членови на Академијата имале проблеми и жалби за онлајн гласањето
Околу шест илјади професионалци од филмската индустрија од 8 февруари гласаа за добитниците на Оскарите во 24 категории.
Резултатите ќе бидат пребројани и испорачани во запечатени коверти со имињата на добитниците кои ќе бидат соопштени на денот на свечената церемонија.
На 24 февруари осумдесет и петото доделување на Оскарите ќе се одржи во Долби театарот, Лос Анџелес .