Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продадена зградата на мисијата на СФРЈ во Њујорк за 50 милиони долари, наследник е и Северна Македонија

0
By Соња Крамарска on September 29, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
Њујоршката Петта авенија се смета за најпрестижната локација на светот
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 29, 2022 12:06

Една од најстарите њујоршки вили, која Југославија ја купила во 1946 година е продадена за 50 милиони долари во готовина, потврди најголемата агенција за недвижности во САД, компанијата „Даглас Елиман”, соопшти американскиот весник „Волстрит џурнал”.

Агенцијата објави дека ја продала вилата во Њујорк, инаку поранешна резиденција на југословенска мисија во Обединетите нации лоцирана на престижната Петта авенија на Менхетен, за целосната барана цена од 50 милиони долари во готовина.

Продавачот на вилата, која ја користеше и Постојаната мисија на Србија во ОН, се петте држави наследнички на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија, а вилата е купена од компанија со адреса во Њујорк.

„Новиот сопственик штотуку купи значаен дел од историјата на Њујорк“, изјави Тристан Харпер, агентот на „Даглас Елиман” кој го склучи договорот.

Тој истакна дека претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито, „иако комунист, имал многу добар вкус за недвижнини”.

Според агентот, вилата првпат била понудена на продажба во 2017 година.

Во јуни 2021 година, Харпер објави дека е добиена понуда во готовина од 50 милиони долари за купување на вилата и дека земјите што ја продаваат (сукцесори на СФРЈ) постигнале консензус за продажба.

Српските медиуми го цитираат државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Немања Старовиќ, кој во февруари изјави дека врз основа на Анекс Б од Договорот за сукцесија на имотот на поранешна СФРЈ во странство, на Србија и припаѓаат неполни 40 отсто од парите од продажбата на зградата на постојаната мисија во Њујорк.

Претставникот на Србија во Мешовитиот комитет за сукцесија на имотот на ДКП на СФРЈ, генералниот секретар на МНР Вељко Одаловиќ, своевремено изјави дека Србија со продажбата ќе се ослободи од големи трошоци за одржување и чување.

„Станот на Петтата авенија во Њујорк, кој е заклучен од 1992 година и се распаѓа, нè чинеше 14.000 долари месечно, а досега вкупно 2,7 милиони долари“, објасни Одаловиќ.

Со Анекс Б од Договорот за сукцесија на СФРЈ дефинирано е дека од 123-те дипломатски претставништва на СФРЈ, на Босна и Херцеговина и припаѓаат 15 отсто, на Хрватска 23,5, на Северна Македонија осум, Словенија 14 и на Србија и Црна Гора – кои тогаш ја сочинуваа СРЈ – 39,5 отсто.

Според претходно објавен оглас за продажба, вилата е изградена на четири нивоа и има два ката, 18 соби, шест бањи и винарска визба.

Тоа беше првата зграда која имаше два електрични лифтови, кои се уште се во функција.

Во неа е зачуван оригиналниот ентериер, а од 1969 година е под заштита на државата и градот Њујорк.

За време на Студената војна, кога тука престојуваше и Тито, на врвот наводно имало соба која никој не можел да ја прислушува, како и непробојни прозорци кон Петтата авенија.

Првиот сопственик на зградата бил гувернерот на Лонг Ајленд, Роберт Бикман Ливингстон, според кого зградата се нарекува и Бикменова куќа.

зграда на мисијата на СФРЈ во Њујорк продадена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.